Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

flashmob112.09.2013  Дваесетина волонтери од неколку европски земји во Трговскиот центар во Кочани пренесоа пораки за мир и разбирање меѓу народите од светот.

Со танц и музика порачаа дека војните се непотребни и им пречат на младите да се дружат, соработуваат и  да се забавуваат. Волонтерите се дел од меѓународната младинска размена што во Кочани ја реализира Здружението на студенти “Павел Шатев“.

По низата хуманитарни активности што ги реализираа во изминатиот период, младите со таканаречен флеш моб, со музика од повеќе стилови, ги изразија своите мирољубиви заложби.

- Со ова танцување  сакаме да ја пренесеме пораката да запрат воените конфликти во светот, а истовремено европските држави да не бараат визи за нас волонтерите. Ова го правиме за да се претставиме во локалната заедница, при што во танцувањето ни се придружија и три лица од Кочани, рече Гертруд Коима, волонтерка од Естонија.

Дел од волонтерите кои учествуваа во кореографската изведба, во Кочани се од неодамна, а други престојуваат неколку месеци. Дошле на идеја заеднички да реализираат настап, во кој ќе учествуваат сите и ќе се претстават во локалната заедница.

- Со танцување се занимавам од мојата 17-та година, а со подготовките за овој настап започнавме пред една недела. Вежбавме во просек по околу 4 часа дневно и ја подготвивме кореографијата што ја видовте. Во групата има 20 волонтери од Естонија, Турција, Франција и Македонија и сакаме да покажеме дека сите сме заедно и се почитуваме како браќа и сестри, рече Нурдан Ијген, волонтерка од Турција.

Здружението на студенти “Павел Шатев“ освен меѓународната  размена, со волонтерите од странство досега реализираше неколку активности, Меѓу нив посебно ги потенцираат бесплатните курсеви по странски јазици за граѓаните на Кочани, како и еколошката акција за расчистување на околината на браната Гратче.

Т. Ајтовски

Сподели

FlashMob3flashmob4flashmob7flashmob5flashmob5

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/14°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 277 гости и нема членови


web counter



qr code