Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

basket dinot treta liga02.04.2018  Екипата на “Баскет Дино“ викендов успеа во намерата да остане во чекор со своите конкуренти за пласман во врвот на табелата.

Кошаркарите на тренерот Сашо Лазаров на домашен терен имаа тежок меч со лидерот на табелата “Спорт тим“ од Неготино, но сепак на крајот славеа победа со 86:81.

Домашните кошаркари не пропуштија можност да ги освојат бодовите и покрај силниот отпор и добрата игра што ја прикажаа гостите. “Баскет Дино во текот на целата средба постојано беше во водство, при што разликата варираше меѓу 6 до 8 коша.

И покрај повременото попуштање на концентрацијата, што на неготинчани им овозможи во еден момент да се приближат на само еден поен, сепак на крајот со борбен напад и цврста одбрана, домашните кошаркари ја обезбедија победата.

Во моментот нашиот кошаркарски третолигаш има 27 бода и е на петтата позиција, едно место зад “Пинк Пантери“ поради полошата кош разлика. Сепак, бодовната разлика меѓу сите пет екипи од врвот е само два бода, што воопшто не е недостижна предност за ниту еден од нив.

Во следното коло, што по двонеделна пазуа ќе се игра на 14 април, “Баскет Дино“ повторно ќе игра на домашен терен, а ќе го дочека токму директниот конкурент, тимот на “Пинк Пантери“. Рапсоредот на колото им оди во прилог на нашите кошаркари кои доколку победат и на оваа средба, ќе се најдат на првото, односно на второто место.

Освен постарите, успех во ова коло имаа и помладите кошаракри на “Баскет Дино“ кои се натпреваруваат во М14 лигата. По минатонедланата победа во Скопје против “МЗТ“, тие осовија нови бодови и на домашен терен против тимот на “Петроски“ од Битола. Битолчани немаа што да бараат на оваа средба со оглед на одличниот напад на домашните, кои на крајот славеа победа од 72:61.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

23°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: South при 4 kmh
Четврток12°C/31°C
Петок13°C/29°C
Сабота14°C/31°C
Недела11°C/26°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 57 гости и нема членови


web counter



qr code