Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

den literatura za deca02.04.2018  Овогодишното чествувањена меѓународниот ден на литературата за деца во Кочани имаше голем број настани и учесници, со што достојно беше одбележан датумот што се слави во целиот свет.

Во Библиотеката „Искра“ ученици од основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ имаа литературна средба со авторот Васил Мукаетов, добитник на наградата „Ванчо Николески“ за 2017 година. Исто така, се одржа и креативна работилница на илустраторот Ивица Спасовски со ученици од Училиштето за цртање и сликање при Центарот за  култура „Бели мугри“ – Кочани.

Учениците од основните училишта во Кочани се запознаа со творештвото на писателите за деца Ели Маказлиева, Александра Велинова, Јасмина Кантарџиева-Димков, Љубинка Донева и Марина Гоцевска.

Во просториите на Библиотеката „Искра“ во Кочани беше отворен и продажен штанд со богата литература за деца на издавачката куќа „Едука мак“.

Во Мултикултурниот центар во Кочани се одржа Фестивал на децата, книгите и музиката на кој низ литературни, музички  и драмски активности беше пренесена меѓународната порака на Светскиот ден на литературата за деца. Присуtните ги поздрави градоначалникот Николчо Илијев.

- Програмата за Светскиот ден на литературата за деца, проширена оваа година, ја поддржува Општина Кочани, и со тоа можам да го изразам моето огромно задоволство што институциите на локално ниво ја препознаа оваа работа и даваат поддршка во развојот на литературата, односно ги поддржуваат младите во секој поглед. Наша цел и задача е да продолжиме понатаму, во секој сегмент да ги поддржуваме и вклучуваме младите преку нашите програми, содржини, се со цел да дадеме шанса да бидат дел од нашето креативно и модерно живеење, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Одбележувањето на овој меѓународен ден, кој како роденден на Ханс Кристијан Андерсен во светот се слави од 1967 година, е со цел да се поттикне љубовта кон литературата за деца.

Проектот е дел од Годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија за 2018 година, а е поддржан и со средства од Буџетот на Општина Кочани.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

12°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 72%
Ветер: NNW при 6 kmh
Сабота8°C/23°C
Недела12°C/27°C
Понеделник13°C/28°C
Вторник12°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 150 гости и нема членови


web counter



qr code