Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sou goso vikentiev03.04.2018  Продолжува соработката на СОУ „Гошо Викентиев“ со институции и фирми од Кочани и oд соседните општини.

Претставници од ЕВН Македонија од Скопје беа во посета на училиштето и потпишаа договор со училишната установа за соработка во однос на реализирање на пракса за учениците од трета и четврта година од струката електротехничар енергетичар.

На средбата што се одржа во библиотеката во училиштето, освен претставниците од ЕВН Македонија и професори од кочанското училиште, присуствуваа и учениците кои ќе посетуваат пракса, како и нивните родители. Тие во наредниот период ќе изучуваат практичен дел во ЕВН Македонија подружница Кочани.

- Во училиштето денеска потпишавме договор со ЕВН Македонија со цел реализирање практична настава за учениците од трета и четврта година од електро струката. Тие ќе одат на пракса во месец јуни, а за тоа ќе добијат и финансиска надокнада. Инаку, училиштето има соработка со „Руен“, а од скоро и со „Амфенол“, така што соработката ќе се проширува се во полза на учениците да изучуваат повеќе пракса а не само теорија, рече Гоце Савев, в.д директор на СОУ „Гошо Викентиев“.

Соработка за обавување практичен дел на учениците, ова училиште има и со други институции и фирми како „Амфенол“, „Водовод“ и „Руен Инокс Аутомобиле“, каде што учениците одат на пракса и со тоа освен на теоретскиот посветуваат посебно внимание на практичниот дел.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

12°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 72%
Ветер: NNW при 6 kmh
Сабота8°C/23°C
Недела12°C/27°C
Понеделник13°C/28°C
Вторник12°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 149 гости и нема членови


web counter



qr code