Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

den romi04.04.2018  Во рамки на одбележувањето на 8 Април - Светскиот ден на Ромите, во Спортската сала на ОУ „Никола Карев“ во Кочани се одржа културно-забавна програма од проектот „Инклузија на деца Роми во градинките“.

Во програмата настапија децата од големите групи од Детската градинка „Павлина Велјанова“. Исто така, во организациоја на здружението на Роми „Авена“ започна и турнир во мал фудбал за учениците од основните училишта.

Во рамки на одбележувањето на Денот на Ромите, во Паркот на Револуцијата беше организирана изложба на традиционални занаети и јадења на ромската заедница, а се одржа и културно-уметничка програма на која настапија фолклорни, музички и ритмички состави од Кочани.

- ЦККЕР “Светла иднина“ е организација чија мисија е насочена кон одржлив развој на ромската заедница преку јакнење на капацитетите на заедницата и промовирање мерки за масовно вклучување во процесот на донесување одлуки и креирање на јавни политики. За оваа цел ние ги користиме сите наши ресурси, за афирмирање на демократските процеси, толеранција и добрите меѓуетнички односи за взаемно добро, доверба и благосостојба во ромската заедница. Работиме темелно, тимски и доверливо, секогаш во согласност со потребите на заедницата. Нашеот мото е - Ние сме создадени од народот и служиме за народот, рече Мануела Саидова, извршен директор на ЦККЕР “Светла иднина“ – Кочани.

Во организирањето на активностите по повод Меѓународниот ден на Ромите, освен граѓанските здруженија и образовните институции, поддршка дава и Локалната самоуправа на Кочани.

- Ме прави многу горд и среќен што имав прилика да видам како се решава проблемот со вклучувањето на децата од ромската заедница во предучилишното образование. Секако, тој тренд треба да го продолжиме, да го задржиме и да го надоградиме и во училишното и во високото образование, се со цел што поголем број од ромската националност да биде вклучен подоцна и во сите процеси на градењето на нашето заедништво и за една подобра иднина на сите граѓани во општина Кочани. Свесен сум дека тоа нема да биде ни малу лесен и едноставен процес, меѓутоа тука сме да работиме упорно и напорно, изнаоѓајќи разни алатки, разни решенија на секој проблем, се за да придонесеме за едно добро заедничко живеење, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Одбележувањето на 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите ќе продолжи и в четврток, при што според изготвената програма се предвидува да бидат претставени Роми од општината кои имаат занчајни достигнувања во различни области.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

12°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 72%
Ветер: NNW при 6 kmh
Сабота8°C/23°C
Недела12°C/27°C
Понеделник13°C/28°C
Вторник12°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 148 гости и нема членови


web counter



qr code