Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

andrej akcija04.04.2018  Хуманитарна велигденска акција за помош на Андреј Стојанов организираат младинци од Кочани кои што изработија велигденски украси и ќе вапцаат велигденски јајца и ќе ги продаваат на штандови кои што ќе бидат поставени на повеќе локации.

Целта е собирање финансиски средства за лекување на Андреј во Русија кој што боледува од церебрална парализа, а лекувањето треба да му помогне и да му го подобри квалитетот на животот

- В сабота пред Велигден организираме хуманитарна акција за помош на Андреј Стојанов. Акцијата се состои од тоа што на штандови ќе продаваме разни велигденски украси и велигденски јајца. Штандовите ќе бидат поставени на три локации кај мостот кај Шопинг центарот, кај ресторан Огниште и во близина на Фото Луна. Ги покануваме сите граѓани да повелат и да си купат дел од украсите со што би помогнале во собирањето на средствата, рече Мила Велкова, организатор.

- Освен в сабота, велигденски честитки ќе продаваме и на Велики Четврток, за нив немаме одредена цена туку оставаме на самите граѓани да донираат кој колку може и заеднички да му помогнеме на Стојанов. Инаку, за време на Велигденските празнувања дел од својот промет ќе донираат и пицериите и кафе баровите во Трговскиот центар, рече Даниел Захариев, организатор.

Штандовите ќе бидат поставени во сабота во текот на целиот ден како и во вечерните часови непосредно пред празнувањето на најголемиот Христијански празник Воскресението Христово.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

12°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 72%
Ветер: NNW при 6 kmh
Сабота8°C/23°C
Недела12°C/27°C
Понеделник13°C/28°C
Вторник12°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 145 гости и нема членови


web counter



qr code