Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

prezentacija konsolidacija05.04.2018  Четири села од кочанскиот регион се опфатени со проектот МАИНЛАНД што се однесува на консолидацијата на земјоделското земјиште во Македонија.

На средбата со земјоделските производители од Спанчево, Чешиново, Соколарци и Чифлик беше речено дека за реализација на планот за окрупнување ќе се потрошат 2,6 милиони евра, што ги обезбедува Европската Унија, а активностите ќе ги спроеведува Светската организација за храна – ФАО во партнерство со македонското Министерство за земјоделство.

Според министерот Љупчо Николовски, проектот е веќе во напредна фаза и се очекува да се реализира според планираната динамика.

- Во моментот сме во фаза каде што 12 региони во државата се селектирани и годинава ќе започнат постапките. Ова се околу 17 илјади поединечни парцели или околу 5 илјади хектари каде што ќе се спроведува првично постапката на консолидација. Паралелно, во Собранието во прва фаза поминаа измените на Законот за консолидација кои што исто така се дел од овој проект и се потребни заради олеснување на сите процедури и постапки во наредниот период. Мене особено денес ме радува што тука, во Соколарци, Чифлик, во Чешиново и во Спанчево, во овие четири региони, интересот на земјоделците е навистина голем и тука очекуваме забрзани постапки во наредниот период и првични резултати кои што ќе доведат до окрупнување на земјоделското земјиште, до зголемена ефикасност, продуктивност и конкурентност во производството на земјоделските производи, односно доминантно на оризот кој што е од овој регион, рече Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

На презентацијата на проектот за консолидација на земјоделското земјиште што се одржа во Спанчево, претставничката на делегацијата на ЕУ во Македонија рече дека поддршката и за овие и за останатите активностите е со цел да се подобрат условите за живот кај нас и да се подобри конкурентноста на земјоделските и другите производители.

- Вие знаете дека Европската Унија е силен партнер на Македонија, исто така сакаме да им помогнеме на фармерите на кои што им е потребна нашата помош и оттаму е важна вашата посветеност кон овој проблем. Особено ми е важно што нашата заедничка цел, како наша, така и ваша, е да можеме заеднички да успееме да ја подобриме продуктивноста на вашето производство за да можете, како финална цел, да можете рамноправно да се натпреварувате со другите производител ина заедничкиот европски пазар, рече Вирве Вимпари, претставничка од Делегацијата на Европската Унија.

На средбата со земјоделските производители и сопственици на земјиште во регионот што е опфатен со проектот, беа претставени придобивките од окрупнувањето на земјиштето, меѓу кои се помалите трошоци за производство, поефикасната примена на агротехничките мерки, заштедата на време за обработка на површините и прибирање на родот и слично.

T. Aјтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

19°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: SE при 4 kmh
Понеделник17°C/31°C
Вторник17°C/31°C
Среда16°C/32°C
Четврток17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 101 гости и нема членови


web counter



qr code