Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

recani pat05.04.2018  Браната Речани останува една од главните инвестициски активности за Владата и за ресорното министерство, поради што ние даваме безрезервна поддршка за нејзино непречено одвивање, истакна министерот Николовски на новинарско прашање до каде е процедурата за еден од најважните капитални објекти за кочанскиот регион.

– Поддршката на Владата за изградбата на браната Речани ќе продолжи и ние во овие десет месеци ги спроведуваме постапките што не биле направиле пред да се склучи договорот за изведба, договор на кој се прави детална правна анализа затоа што е склучен во изборен период и за што во наредниот поериод ќе информираме околу следните чекори. Клучно е тоа дека Министерството за земјоделство, заедно со Министерството за транспорт и врски ги направи сите подготвителни работи за добивање на градежната дозвола, со оглед на тоа што се работи за еден крупен инвестициски проект. Инвеститор на овој проект останува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во следниот месец очекувам дека оваа долга постапка за обезбедување на градежна дозвола ќе финишира, односно Министерството ќе ја добие градежната дозвола за изградба на овој крупен инфраструктурен проект, којшто е од битно значење за регионот и дека ќе започнат и другите постапки во делот на изградбата, соопшти министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Министерот за земјоделство го истакна регионалното значење на браната „Речани“ и постојаната комуникација на оваа тема со градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев. Притоа додаде дека во наредните две недели се очекува завршување на реконструкцијата и надградбата на браната „Пишица“ во Пробиштип, којашто е значајна за оризовите полиња.

Подготвителните активности за изградба на браната „Речани“ почнаа со истражувања на теренот од 2009 година. Досега е асфалтиран пат во должина од 4 км до круната на браната, а започнаа и работите на патот од круната на браната до основата, односно до темелот на браната.

T. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

26°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 42%
Ветер: West при 9 kmh
Четврток16°C/26°C
Петок15°C/29°C
Сабота17°C/32°C
Недела18°C/34°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 77 гости и нема членови


web counter



qr code