X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

priem romski zdruzenija05.04.2018  Невладините здруженија кои се ангажирани во решавањето на прашањата за ромската заедница ќе ја имаат поддршката од Локалната самоуправа, зошто само преку заедничко работење е можно да се постигнат подобри резултати, што е во интерес и на општината и на граѓаните ккао поединци.

Ова меѓу другото беше истакнато на приемот што градоначалникот Николчо Илијев го приреди за претставниците на ромските граѓански здруженија, а по повод одбележувањето на 8 Април – Светскиот ден на Ромите.

Според него, со изготвувањето на акциониот план на локално ниво што се однесува за периодот до 2022 година ќе се потенцираат главните проблеми и активностите што треба да се преземат за да се остигне што подбра интеграција на ромската заедница кај нас.

Општина Кочани, нагласи Илијев, е заинтересирана да им помогне на сите свои граѓани, без разлика на етничката, верската или каква било друга припадност, а притоа важна улога има невладиниот сектор, за што е неопходна координација и заедничко дејствување.

На средбата беа истакнати одделни прашања во врска со интегрирањето на младите Роми во системот на образованието од предучилишна и училишна возраст, проблемите со домувањето и социјалната заштита, изградбата на комунална инфраструктура и улици, како и за заштита на животната средина и обезбедување повисоко ниво на хигиена, посебно во населбите каде живеат Ромите.

Преставниците на невладините здруженија изразија подготвеност да соработуваат со Локалната самоуправа, а во знак на благодарност за досегашната поддршка за нивното работење, на градоначалникот Илијев му доделија пригодна плакета.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Недела1°C/6°C
Понеделник2°C/6°C
Вторник-3°C/4°C
Среда-3°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 75 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click