X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Daniela Koleva10.04.2018  Даниела Колева, членка на тенискиот клуб „Акватен“ од Кочани ја доби стипендијата за спортист-спортска надеж на Oпштина Кочани.

Финансиската поддршка ја добива за учеството и остварените спортски резултати на национални и меѓународни спортски натпревари во 2017 година.

Минатата година Колева се натпреваруваше на сите турнири организирани од Македонската тениска федерација во категориите од 16 и 18 години, како и за сениорки, а на завршните ранг-листи на МТФ е меѓу првите десет во сите категории. Таа успешно го претставуваше тенискиот клуб „Акватен“ и на пет меѓународни ITF- турнири за јуниорки до 18 години, а на два од нив оствари победи во првиот круг.

Стипендијата во износ од три илјади денари ќе се доделува шест месеци, почнувајќи од април до септември годинава.

Парите за стипендијата за спортист-спортска надеж се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани.

 

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Недела1°C/6°C
Понеделник2°C/6°C
Вторник-3°C/5°C
Среда-3°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 77 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click