Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Prskanje-Komarci206.06.2013  Прскањето против комарците продолжува и годинава. Локалната самоуправа на Кочани во соработка со Центарот за јавно здравје ќе ја реализира првата фаза од планираната дезинсекција против здодевните инсекти.

Третманот ќе се реализира в понеделник и вторник, идната недела, во периодот меѓу 23 и 5 часот. Иако претходно се најавуваше заедничка акција на сите општини преку Центарот за развој на источниот регион, сепак таков договор не се постигна.

- Општина Кочани самостојно го организира прскањето против комарците, односно уништувањето на комарците и другите инсекти, на два начини. Едниот е од земја, каде што ќе имаме четири такви дејствувања и едно авинско. Површината што ќе се третира од земја ќе биде 300 хектари, а онаа што ќе биде од авион е 1500 хектари, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Со  дезинсекцијата од земја ќе бидат опфатени зелените површини во градското  подрачје, во периферијата на градот и во низинските села. Делумна соработка  околу третирањето од воздух била договорена со Општина Виница.

- Авионското прскање ќе  биде договорено да се спроведе  во исто време заедно со  нив, затоа што знаеме дека  поголем е ефектот ако се здружат повеќе општини, односно  на целата територија на Кочанско  поле, односно површините што се наоѓаат под вода, рече Димитровски.

Прскањето против комарците ќе го реализираат стручни екипи од Центарот за јавно здравје од Кочани, а ќе се користи истиот препарат како и минатата година.

- Повторно ќе третираме вегетативна форма на комарците, односно возрасни комарци, и очекуваме дека ќе имаме намалување на бројот. Ќе повторам, не можеме да очекуваме некакви идеални решенија дека веќе нема да имаме комарци, но со почнувањето на активноста, кога веќе нешто уништуваме, ќе очекуваме дека ќе имаме намалување на бројот, рече Благица Ѓурковиќ, директор на Центарот за јавно здравје – Кочани.

Иако препаратот со кој ќе се прска е одобрен од Бирото за лекови и не е штетен за луѓето и крупните цицачи, сепак се препорачуваат соодветни превентивни мерки. Граѓаните кои одгледуваат пчели треба да ги затворат сандаците со доволно вода за пиење за пчелите и да не ги пуштаат 4-5 часа по третирањето на подрачјето.

Т. Ајтовски

Сподели

Prskanje-KomarciPrskanje-Komarci6Prskanje-Komarci4

 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 81 гости и нема членови


web counter



qr code