Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ulica stamen manov10.04.2018  Општина Кочани започна да ги реализира најавените активности за асфалтирање на два крака од улицата “Стамен Манов“ во Ромското маало.

Во меѓувреме екипи на КЈП “Водовод“ ги приведуваат кон крај градежните работи околу поставувањето нова водоводна инсталација. Тоа е еден од предусловите што ќе овозможи целосно комплетирање на овој дел од сообраќајницата, односно таа да се асфалтира.

- КЈП “Водовод“ - Кочани прави реконструкција во делот на водоводната мрежа, особено на делот на приклучоците до самите корисници, со цел да добиеме и да испорачаме колку што е можно поквалитетна услуга на домаќинствата што живеат овде, на овој потег. Ова е еден крак од улицата “Стамен Манов“, исто така продолжуваме и на кракот два од истата улицата, по што ќе следува нејзино асфалтирање, рече Андреј Киров, в.д. директор на КЈП “Водовод“.

Со Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици за 2018 година беа предвидени 29 милиони и 700 илјади денари. Дел од средствата, конкретно за улицата “Стамен Манов“ се обезбедени преку програмата за Декада на Ромите.

- Моментално се наоѓаме на едниот крак што е со должина од 185 метри и широчина од 4 метри, а вредноста на оваа инвестиција е околу 1 милион денари. Другиот крак е исто така од улицата “Стамен Манов“ со должина од 135 метри, а вредноста на таа инвестиција е 975 илјади денари. Со самото ова на граѓаните на овие две улици ќе им се овозможи подобар пристап, а средствата се обезбедени од Декадата на Ромите, рече Влатко Димитров, раководител на Секторот за урбанизам во Општина Кочани.

Од Општината истакнуваат дека е направена заштеда на средства, односно постигнати се пониски цени по реализираните јавни набавки за асфалтирање на улиците „Вера Которка“ - крак 2, 3 и 5,  „Карпошово востание“, „АСНОМ“, „Скопска“,  „Петар Синадинов“ и  „555“ во Прокарка и „Стамен Манов“ во Ромското Маало.

Според градоначалникот Илијев, поевтината изградба на овие сообраќајници ќе овозможи остатокот од средствата да се наменат за други улици.

- Ние успеавме во јавните набавки да заштедиме 6 милиони денари, средства кои веднаш денеска, на координација, се надеваме до крајот на неделата и на седница на Советот тие ќе бидат пренаменети. Веќе се договоривме дека ќе изградиме уште една улица во индустриската зона, значи новопроектирана улица која е во должина од нешто повеќе од 200 метри, исто така уште една улица ќе работиме во Усова Чешма, а дел од средствата, односно точно 1 милион денари ќе издвоиме за изведба, односно за проектирање на нови улици. Навистина на нас ни се потребни проекти што ќе чекаат на средства и мислам дека тоа е една правилна одлука, бидејќи доколку има средства, а немаме проекти тогаш не ќе можеме да ги реализираме. Нашата намера е се што имаме од улица, да ја проектираме, да имаме готов проект и понатаму да бараме средства за решавање на истите проблеми, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Градоначалникот Илијев додаде дека во претстојниот период ќе се асфалтираат улици и во селата Горни Подлог, Долни Подлог, Прибачево, Грдовци, крак на улицата „Маршал Тито“ во селото Мојанци и во Тркање, а ќе се работи и на пробивање и тампонирање на улици како подготовка за асфалтирање. Имајќи ги предвид состојбите со повеќе неодамна асфалтирани улици и потребите од поправки, тој истакна дека посебно внимание ќе се бара од надзорот на градежните работи.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

13°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 67%
Ветер: NW при 7 kmh
Сабота8°C/23°C
Недела12°C/27°C
Понеделник13°C/28°C
Вторник12°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 142 гости и нема членови


web counter



qr code