Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sednica sovet januari201811.04.2018  Само три точки има на дневниот ред ќе има на 9. редовна седница на Советот на Општина Кочани. Иако се најавуваше и се очекуваше дека советниците ќе разгледуваат и ќе усогласуваат уште неколку други прашања, сепак седницата доби редуцирана содржина.

Главна тема, всушност, ќе биде предлог-одлуката за измена на распоредот на средства од Буџетот на Општината за оваа година за да може да се одобри финансиска помош на СОУ “Гошо Викентиев“. Парите ќе бидат наменети за тимот ученици кои ќе ја претставуваат општината и државата на меѓународниот натпревар по роботика што ќе се одржи во САД.

Со финансиската поддршка што ја издвојува Општината заедно со стопанскиот сектор и со други помагатели, треба да се покријат трошоците за нивното патување, престојот и учеството на натпреварот.

Исто така, советниците ќе го разгледуваат и Локалниот акциски план за домување, урбанистичко планирање и комунална инфраструктура за периодот 2018–2020 година.

Иако градоначалникот Илијев во вторникот најави дека една од точките на седницата на Советот треба да биде и предлогот за пренамена на парите што се заштедени по јавните тендери за изградба на улици, сепак таква точка нема на дневниот ред. Која е причината за таквото одложување, засега нема објаснување.

Всушност се очекуваше советниците да дадат согласност сумата од 6 милиони денари да се пренасочат за реализиација на изградбата на една улица во зоната Лесна индустрија , како и за изградба и асфалтирање на улица во населата Усова Чешма. Освен тоа, беше најавено дека тие треба да одобрат и средства за асфалтирање улици во селата Горни Подлог, Долни Подлог, Прибачево, Грдовци, Мојанци и во Тркање.

Седницата на Советот в четврток започнува во 15 часот, а Канал 8 телевизија ќе врши пренос во живо на својата програма.

T. Aјтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

16°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 52%
Ветер: NNW при 15 kmh
Недела11°C/23°C
Понеделник14°C/23°C
Вторник13°C/25°C
Среда13°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 123 гости и нема членови


web counter



qr code