Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sesija zakon rabotni odnosi11.04.2018  Законот за работни односи треба да претрпи измени со кои треба да да се опфатат прашањата за флексибилното работно време, работењето од дома особено во ИТ секторот, како и потребата од волонтери и нивните права кои сега и не се опфатени со законската регулатива. Исто така, треба да се разјасни и терминот пробна работа и неговото спроведување во практика, за да не се искористува во негативен аспект.

Ова беа дел од прашањата за кои стана збор на инфо сесијата на тема „Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи“ што со претставници од микро, малите и средните претпријатија од регионот на Кочани се одржа во рамки на Проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива.

- Како претставници на бизнис заедницата редовно се среќаваме со проблеми во самата имплементација на сите одредби од Закониот за работни односи, воопшто од трудовата регулатива. Тоа постојано го наметнува барањето да се интервенира во одредени одредби од Законот за работните односи и воопшто во трудовата регулатива, со цел истата да се подобри на начин што ќе биде јасна во својата примена и ќе биде подложна за регулација и користење на сите фирми во Република Македонија, а исто така и на сите вработени, на сите треба да им биде јасна и недвосмислена, рече Александра Чавдаревска, правник на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.

Инфо-сесијата во Кочани, на која што се разгледуваа приоритетните прашања и проблеми за промена на Законот за работни односи, ја организираше невладината ЕПИЦЕНТАР Интернационал, која е задолжена и за имплементирање на проектот на УСАИД.

- Денеска сме на инфо-сесија од областа на работните односи, последна инфо-сесија од оваа област, имавме слични вакви информативни настани во Битола, Дебар и во Скопје, сега четвртата е во Кочани, со тоа што опфаќаме поголем дел од територијата на земјата и опфаќаме различни размислувања иод страна на сите регионални бизнис заедници во земјата. На денешната инфо-сесија во Кочани бизнис заедницата од овој регион разговара за приоритетни прашања и одредени предлози за промена на постоечкиот Закон за работни односи, со цел за поголема усогласеност на претпријатијата во врска со самата област, рече Димче Мицевски, претставник од ЕПИЦЕНТАР Интернационал.

Проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива е четиригодишен проект, во вредност од 1,9 милиони долари, а треба да ги адресира темите од областа на бизнис регулативата кои се неповолни и предизвикуваат притисок на малите и средни претпријатија.

Четириклучнипартнери во проектот се Стопанскатакомора наМакедонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ, Стопанскатакоморана северозападнаМакедонија и Сојузот на Стопански Комори на Македонија.

Т. Ајтовски

 

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

19°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: SE при 4 kmh
Понеделник17°C/31°C
Вторник17°C/31°C
Среда16°C/32°C
Четврток17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 98 гости и нема членови


web counter



qr code