Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

DraganicaKup211.04.2018  Привршуваат подготвките за одржување на традиционалниот фудбалски турнир “Драганица куп“ чиј организтор и домаќин е ФК “Осогово“.

Од клубот најавуваат дека турнирот е веќе закажан, а биле обезбедени победничкиот пехар, дипломите и наградниот фонд. Во објаснувањето стои дека турнирот досега не се одржал поради објективни причини, односно иако бил планиран за 25. март, поради лошите временски услови и снегот на теренот на стадионот “Никола Мантов“ бил одложен. Исто така, дошло и барање од две екипи учеснички да се пролонгира одржувањето на турнирот.

Од ФК “Осогово“ велат дека во координација со сите учесници, одржувањето на “Драганица куп 2018“ е закажано за 15. април, но останува непознато дали ќе се вклопи во распоредот на ФФМ која последните две кола од Регионалната пионерска и Регионалната помлада пионерска лига ги одложи.

Инаку, турнирот “Драганица куп 2018“ ќе биде за возрасна категорија играчи родени 2003 година, а на истиот покрај домаќинот и организатор ГФК “Осогово“, учество ќе земат и екипите на “Слога“ - Виница, “Плачковица“ од Радовиш и “Беласица“ од Струмица.

 Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

13°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 67%
Ветер: NW при 7 kmh
Сабота8°C/23°C
Недела12°C/27°C
Понеделник13°C/28°C
Вторник12°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 147 гости и нема членови


web counter



qr code