Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sovet april201812.04.2018  Обезбедени се неопходните финансиски и други средства за учениците од училиштата од Кочани кои го сочинуваат тимот што ќе ја претставува нашата општина и државата на меѓународниот натпревар по роботика во САД.

На седницата на Советот на Општината, на која две од трите точки всушност се однесуваа на одобрувањето пари за покривање на дел од трошоците за нивното патување и учество на натпреварот, беше дадена едногласна поддршка да се обезбедат пари од општинскиот буџет.

Притоа беше речено дека учениците заслужуваат да добијат финансиска и секаква друга помош за достојно да не претставуваат во странство, а градончалникот Илијев истакна оти не постоела никаква дилема дали можат да се обезбедат пари од Буџетот.

- Општината стоеше целосно на располагање на овие деца да го остварат својот сон, да отпатуваат во Америка. Значи, целосно како институција се вклучивме и јас лично, во барањето, бидејќи периодот беше многу краток и успеавме за толку краток период да им обезбедиме визи. И не самот тоа, дел од стручните луѓе, моите соработници интервенираа во Владата од каде што обезбедивме и пари за билетите, значи билетите се комплетно покриени од страна на Владата и благодарение на добрата комуникација со дел од вработените во Локалната самоуправа целокупниот престој во Детроит го обезбедивме ние, со автобус, превоз, се што им треба да биде покриено. Овие средства за кои разговараме, дел од средствата што се пренаменуваат за “Гошо Викентиев“, се средства обезбедени од донации кои ги имаат тие обезбедено, а ние сакаме да им помогнеме и дел од средствата што беа наменети за стипендии останаа неискористени благодарение на тоа што дел од напите студенти добија други стипендии од Републиката, кои беа повисоки, републички. Остана неискористени и ние ги пренаменивме  и со овие средтва, јас ве уверувам дека тие знаат и се должни да ни дадат комплетен отчет. Значи, за средствата, дали се од донации, дали се распределени од страна на Локалната самоуправа, на крајот ќе добиеме извештај и ве уверувам дека ова е еден многу убав момент, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

На седницата беше истакнато дека во обезбедувањето поддршка, не само за учеството на натпреварот во Америка, туку и воопшто за досегашното работење и успесите на учениците помош обезбедувале и други институции.

- Кабинетот по роботика е обезбеден целосно од страна на Ротари клубот Кочани - Виница. Поддршката е присутна секогаш од страна на Ротари клубот и ние секогаш ќе ги следиме. Во тек сме, и како ротари клуб дадовме иницијатива, заедно со кабинетот по роботика и нивните професори, за формирање лига во рамки на Македонија, рече Благој Ситновски, член на Советот на Општина Кочани.

- Благодарение на сите овие луѓе кои се вклучени, и од ротари клубот, и од Општината и ние како советници, горди сме сите како граѓани на општина Кочани што имаме прилика, нашите деца, од оваа општина да учествуваат таму каде што учествуваа, Белград, Љубљана, а еве сега и во Америка. И јас ќе бидам среќен, верувам и сите ние како граѓани, можеби ќе се појави иницијатива од тука како дел од информатиката да постои предмет роботика, затоа што и на светско ниво, ова е нешто што е за поздравување. Значи, гордост е за сите нас и уште еднаш, еве, да не должиме, да ја завршиме оваа седница и од наша страна изразувам благодарност до сите, пред се до децата кои што учествуваа, и да им посакаме среќа и таму да направат голем успех, рече Лазо Митев, член на Советот на Општина Кочани.

- Чувствувам една мала потреба, не да го демантирам колегата Ситновски, туку да го надополнам дека не е само ротари клубот кој обезбеди средства за децата, има и неколку други приватни стопанственици кои донираат значителна сума од кои еден е и мој близок роднина, лично сум информиран, така што нема потреба целосно заслугите да одат на Ртоари клубот, рече Венко Крстевски, член на Советот на Општина Кочани.

- Изгледа не се разбираме доволно или не сум разбран доволно. Јас не велам дека други немаат помогнато во активностите на кабинетот, меѓутоа отпосле, откако се формира кабинетот. Јас ве уверувам дека целокупните средства за кабинетот по роботика се од ротари клубот, а потоа се друго натаму што следува има и други вклучени во таа активност, рече Благој Ситновски, член на Советот на Општина Кочани.

По краткото дообјаснување, советниците преминаа на гласање за предлог одлуката и со 19 гласа “за“ беше дадена согласност од општинскиот буџет да се префрлат пари на СОУ “Гошо Викентиев“, а што би се пренамениле за потребите на тимот ученици кои ќе учествуваат на меѓународниот натпревар по роботика во САД.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

30°C

Кочани

Грмотевици
Влажност на воздухот: 35%
Ветер: North при 17 kmh
Понеделник17°C/31°C
Вторник17°C/32°C
Среда17°C/32°C
Четврток17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 138 гости и нема членови


web counter



qr code