Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

dobra-voda413.04.2018  Со света литургија, а потоа и со голем собир се одбележа празникот Источен петок - Балаклија на манастирот во месноста Добра вода во Оризари.

Првиот петок по Велигден секоја година во овој манастир се собираат голем број верници и се организира голем црковен собир. Со музика и песни, манастирски ручек и богата трпеза се славеше и овој празник посветен на Мајката Божја.

Со литургијата годинава чиноначалствуваше митрополитот брегалнички Иларион со свештениците од Брегалничката епархија кој што пред присутните верници одржа пригодна беседа во која го истакна значењето на празникот Источен петок - Балаклија.

- На овој ден, Источен петок - Балаклија, се празнува обновувањето на храмот на Пресвета Богородица во Цариград, наречен Живоносен извор, поради чудотворниот извор со вода што се наоѓа во него. Си споменуваме и за многуте чуда што се случиле во тој храм на Божјата Мајка, рече владиката Иларион, Митрополит Брегалнички.

На литургијата освен многубројниот народ присутен беше и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, членови на Советот на Општина Кочани, кои што заедно со владиката Иларион учествуваа во литијата околу храмот, а митрополитот го благослови и пресече славскиот колач.

Домаќините на манастирот се потрудија и овој пат сите подготовки околу славата да бидат завршени навреме. Направена е настрешница во кругот на манастирот со цел прибирање на поголем број верници. Веќе десеттина години наназад им се ветува на овие луѓе дека патот до манастирот ќе биде направен, но од тоа досега ништо не е направено. Ветувањето останува да биде исполнето годинава.

-Многу сум им благодарен на владиката Иларион, на министерот Спасовски и на градоначалникот на Кочани и на сите луѓе кои што дојдоа да го посетат ова свето место. Се радувам што ни ветија дека конечно оваа година ќе го напрват патот до манастирот бидејќи мова место важи за едно големо духовно светилиште, рече Стефан Смилков, домаќин на манастирот.

Со празникот посветен на Пресвета Богородица и се оддава признание на Мајката Божја, по што манастирот го носи нејзиното име. Се верува дека водата во овој манастир е лековита.

Инаку, освен на овој ден, на манастирот Добра вода кај Оризари слава има и на втор ден Божиќ кога и на тој ден се собираат голем број верници и се сукаат зелници, а еднаш во годинава се прави и годишно собрание на овој манастир кога се прават планови за понатамошните активности во манастирскиот комплекс.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: North при 0 kmh
Четврток9°C/26°C
Петок8°C/26°C
Сабота7°C/24°C
Недела7°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 92 гости и нема членови


web counter



qr code