Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

oranje niva2213.04.2018  По успешната 2017 година во однос на поставувањето на демонстративниот опит со „Тераграмин“ на оризово поле кај селото Чифлик и забележливите одлични резултати од неговото аплицирање каде што се доби зголемување на принос, намалување на трошоците за производство на ориз и висок рандман, активностите и соработката на фирмата „Скопски легури“ со Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството продолжуваат и оваа година.

Потпишан договорот за соработка и за 2018 година, а освен на оризови површни „Тераграминот“ е поставен и на други култури.

- Направивме договор со Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и за оваа 2018 година. Со аплицирање на „Тераграминот“ покрај кочанскиот регион ќе бидат опфатени и други реони во општините Зрновци и Чешиново - Облешево. Во Чешиново опит е поставен на друга култура, на луцерка конкретно, а со поставување на „Тераграминот“ на оризот ќе се продолжи во Мојанци, Чешиново, Зрновци, Облешево и Соколарци. Соработрката со Агенцијата ќе продолжи и во другите региони во Македонија, конкретно во Пелагонискиот регион, каде што веќе се завршни планови за третирање на површини и други култури со „Тераграминот“. Ќе одржуваме и трибини на кои ќе се запознаат земјоделците со нашиот производ, неговта примена и ефекти кои што можат да се постигнат. Можеме да се пофалиме дека нашата компанија лани доби национално признание зас нај иновативен проект за „Тераграминот“ и признание од Европската Унија. Ние ќе ја имаме и соработката со градоначалниците на општините каде што ќе се прават опити, а сакам да напоменам дека нашиот производ може да се употребува во органското производство, рече Мирослав Васовиќ, претставник од „Скопски легури“.

- Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и оваа година ја продолжува соработката со компанијата „Скопски легури“. Ние цело време бевме на терен го следевме опитот со „Тераграмин“ поставен на оризово поле а ќе продолжиме и оваа година со тоа што поставивме опит на луцерка и повторно на оризови површини. Ние како стручни лица ќе бидеме присутни на терен, ќе ги следиме сите позитивни или негативни појави со цел да го видиме конечниот резултат, рече Валентин Захариев, агенција за поттикнување на развојот на земјоделството Кочани.

Инаку, преку опитот јасно се покажа дека „Тераграминот“ позитивно влијае врз физичко - механичките и водно – физичките својства на почвата, ја подобрува нејзнината структура т.е водниот воздушиот и тополотнот режим на почвата, ја прави лесно растресита со што станува полесна и поекономична за обработка. Со својата хидроскопност впива голема количина на влага која што постепено ја испушта, а со тоа ја одржува влажноста на почвата подолго време.

Инаку, овој производ се користи не само во оризопроизводството туку и кај сите земјоделски култури каде што неговата примена придонесува побрзо ртење на семето, поразвиен коренов систем, пиоголем број листови и подобра развиеност на расадот.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

14°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 55%
Ветер: NNW при 7 kmh
Недела11°C/23°C
Понеделник14°C/23°C
Вторник13°C/25°C
Среда13°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 125 гости и нема членови


web counter



qr code