13.04.2018 Моментот кога луѓето губат по неколку часа заглавени во сообраќаен метеж како што е случај со големите метрополи, се чинеше кај нас ни од близу немало да се случи, бидејќи Кочани важи за град во кој бргу се стигнува со автомобил од едно на друго место.
Но, сликата не само за време на празници и пазарен ден, туку и во обични денови може да биде вистински сообраќаен метеж. И кога се создаде ваква тензична ситуација, кога сите после работа околу 15 часот брзаaт накај дома и само еден возач на автомобил да се паркира несоодветно, а тоа го прават многумина, и да го закочи сообраќајот на повеќе главни улици, е тогаш се создава огромна нервоза кај повеќе возачи.
Така и се случи. На еднонасочната улица што води кон Стришани и екипата на Канал 8 беше сведок на само една од многуте такви ситуации кога еден од многубројните лошо паркирани возачи си го оставил автомобилот скоро на средина на улицата и без да размисли дали друго поголемо возило може да помине, си излегол и го нема да се врати подолго време.
И ситуацијата да биде уште поинтересна се случи голем застој поради тоа што не можеше да помине камион со иден возач кој што полагаше за возачка дозвола за такво возило.
И позади каминонот се создаде голема гужва, сите автомобили што поминуваа, меѓу кои беше и возилото на нашата екипа, беа буквално заглавени во сообраќајниот метеж кој што беше предизвикан токму од паркираното возило, а од возачот на погрешно паркираното возило ниту абер. Полицијата која што беше присутна и која што цело време ја пратеше ситуацијата, го бараше возаачот на возилото, а автомобили се повеќе се трупаа. Некои возачи кои што беа во големо брзање и видно ја искажуваа својата нетпреливост со пцуење и нервози, се снаоѓаа и бараа излез преку други улици.
Нашата камера цело време го снимаше застојот што ниту полицијата не беше моќна да го среди, а нервозните возачи што стоеја повеќе од половина час дофрлуваа на снимателот на Канал 8 да го сними ова бидејќи револтирано искажуваа дека не се случува прв пат.
И заклучокот е дека, полицијата е присутна на терен и постојано упатува апели преку медиумите за совесно и одговорно однесување на возачите и другите учесници во сообраќајот, но очигледно се паѓа во вода доколку самите возачи немаат слух и одговорност во однос на паркирањето и оставањето на своите автомобили. Ниту казните кои се големи за непрописно паркирање неможат да ја санираат ваквата состојба која се почесто ја има и во нашиот град, а го отвора прашањето за создавање на поголем број места за прописно паркирање на возилата.
Т. Велкова