X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vecer zenski prava13.04.2018  Општина Кочани е вклучена во активностите за поттикнување на носење родово одговорни политики и родово одговорно буџетирање, во чии рамки беше и организирањето работилница за членоивите на општинскиот Совет.

Во меѓусебна активна комуникација и корелација присутните на работилницата се запознаа со основните концепти на родот и родовите прашања, и за тоа како подобро да се спроеведуваат политики за поеднаква застапеност на мажите и жените.

Ментор на работилницата беше Кристина Хаџи-Василаева, магистер по родови студии и надворешен соработник на UN Women, која рече дека ова е само еден од начините за промоција на проектот што се реализира во општините во Македонија, а е со поддршка од организацијата на Обединетите Нации.

- Искусни експертки по родови прашања работат директно со општините на тоа да им помогнат да го воведат родот во процесите на донесување одлуки, па така ние со Општина Кочани усепавме да сензибилизираме еден дел од програмите за Општината, а најважно од се беше, што го сметам за голем успех, тоа што Општина Кочани ја потпиша Европската повелба за еднакви можности на мажите и жените, рече Кристина Хаџи-Василева, надворешен соработник на UN Women.

Според Хаџи-Василева во нашата држава е започнат поинтензивен процес за спроведување на родово одговорните политики, и кај дел од локалните самоуправи, меѓу кои и Општина Кочани се спроведува практика за поголема одгвоорност при носењето на Буџетот во однос на еднаквата застапеност на интересите и на мажите и на жените.

- Во Македонија веќе 20-тина општини спроведуваат родово одговорни политики, односно го воведуваат родово одговорното буџетирање во процесот на програмирње, односно изготвување на буџетот. Се разбира дека овој процес и на национално ниво веќе се одвива извесно време, со тоа што дел од министерствата исто така се вклучени во овој процес. Меѓутоа, остануваат уште предизвици во рамки на ова, особено што потребна е голема едукација за подигање на свесноста кај советниците и кај градоначалниците за значењето на овој процес и за тоа како тие практично да го применуваат, додава Хаџи-Василева.

Дел од активностите на проектот за промоција на родово одговорни поитики во Кочани е и одржувањето на вечерта на женски права. Во нејзини рамки е проекцијата на филмот „Ада за градоначалничка“, како и панел дискусијата на тема „Жената во политиката“.

T. Aјтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

1°C

Кочани

Дожд
Влажност на воздухот: 75%
Ветер: North при 18 kmh
Понеделник1°C/4°C
Вторник-3°C/3°C
Среда-5°C/3°C
Четврток-1°C/5°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 69 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click