Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

polnenje orizovi nivi16.04.2018  Со пуштањето на водата во каналската мрежа од хидросистемот „Брегалница“ официјално започна полнењето на земјоделските површини на кои годинава ќе се сее ориз во кочанскиот регион.

Први вода добија земјоделците во месноста Босевица во атарот на Кочани, а до крајот на неделата ќе започне полнењето на нивите и во Виница, Горни и Долни Подлог и Мојанци.

Од водостопанската подружница “Брегалница“ истакнаа дека поради неповолните временски услови и врнежите од дожд и снег пред почетокот на сезоната, земјоделците не можеле навреме да ги подготват површините, поради што морале за извесен период да го одложат пуштањето на водата во каналите.

Годинава со хидросистемот ќе наводнуваме околу 8.700 хекатари земјоделско земјиште во Виничко, Кочанско, Штипско, Пробиштипско и Светиниколско. Од тоа околу 3.700 хектари ќе се засеат со ориз, а останатите површини се под други земјоделски култури.

Пред почетокот на наводнителната сезона екипи на водостопанското претпријатие од Кочани исчистиле околу 90 отсто од каналската мрежа, а во моментот се работи на оспособување на делови од левиот магистрален канал.

Акумулацијата Калиманци е полна со максимален капацитет од околу 110 милиони метри кубни вода и до пред неколку дена била на прелив. Во меѓувреме започнало контролирано испуштање на водата за потребите за наводнување, но и за да се избегнат евентуални опасности од поплавување поради најавите за нови врнежи деновиве.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

19°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: SSE при 4 kmh
Среда17°C/28°C
Четврток16°C/26°C
Петок16°C/29°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 146 гости и нема членови


web counter



qr code