16.04.2018 По дадената оставка од директорското место на досегашниот раководител на СОУ „Љупчо Сантов“, Миле Лефков, за в.д директор е назначен Игор Христов, професор по правни предмети кој што веќе 15 години работи во ова училиште.
Изборот бил извршен во петокот на состанокот одржан помеѓу вработените во училиштето и градоначалникот на Oпштина Кочани. Николчо Илијев.
Од информациите до кои што дојдовме, на состанокот се очекувало да биде избрана директорка, но сепак повеќето присутни избрале со установата да раководи токму Христов.
Во краткиот разговор за Канал 8, Игор Христов стакна дека откако ќе му биде врачено официјалното решение за новата функција, ќе се залага за училиштето, пред се за обновување на деловите на кои им е неопходно реновирање, особено санитарните јазли. Исто така, ќе се ангажира околу нормално одвивање на наставата и внесување на иновации во однос на наставно-образовниот процес во училишната установа.
Т. Велкова