Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

priem gradonacalnici pestera ludbreg16.04.2018  Викендов градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев имаше работна средба со заменик градоначалничката на општината Пештера од Бугарија и со градоначалникот на хрватскиот град Лудбрег.

Повод за нивниот престој кај нас е реалзирањето на проектот “Две и полминути до полноќ - Иновативен едукативен пристап кон темите за климатските промени во основните училишта“ финансиран од страна на ЕРАЗМУС+ програмата, а во кој партнери се градовите од трите држави.

За време на средбата стана збор за реализацијата на проектот што треба да помогне за подобрување на знаењата и вештините на наставниците и учениците од основните училишта за подобро да ја разберат климатската наука и за потребата од примена на обновливите извори на енергија. Исто така, се разговараше и за можностите за користење на бугарските и хрватските искуства во пристапот до европските финансиски фондови.

- Од двајцата гости беше јасно и гласно потенцирано дека стојат на располагање, да ни помогнат со сите нивни искуства што ги имаат стекнато на патот за користење на Европските фондови се со цел ние да не ги повториме грешките што тие ги направиле, односно на што поедноставен и побрз начин да дојдеме до средтвата што ни стојат на располагање од европските фондови, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Заменик градоначалничката на бугарската општина Пештера и градоначалникот на Лудбрег упатија благодарност за љубезниот прием и истакнаа оти очекуваат започнатата соработка меѓу трите градови да се прошири и на економски план.

- Учеството во меѓународен проект од трите општини кои сме во моментот, односно Општина Кочани како домаќин, тоа е причината за нашата посета и со големо задоволство учествував на неа. Благодарам за вниманието, не очекувавме вакво гостопримство. Споделивме размислувања за историјата, за проблемите што стојат пред општините и за тоа што сме го стекнале како искуство од досегашните години членство во Европската Унија, рече Зехра Алиш, заменик градоначалничка на општина Пештера, Бугарија.

- Дојдовме до заклучок дека оваа соработка на проектот, всушност би можела да прерасне и во стопанска соработка. Иако ние сме град кој во Република Хрватска е познат како град кој извлекол најмногу европски пари по глава на жител, град кој е центар на светот и кој е центар за производство на цвеќе во Хрватска, мислам дека токму тоа цвеќе е еден начин на кој нашите градови би можеле дополнително да се поврзат, да се збратимат и да ја унапредат добрата соработка што ја започнавме со овој проект, со нашите млади, со учениците во училиштата, рече Дубравко Билиќ, градоначалник на Лудбрег, Хрватска.

Инаку проектот за климатските проемни, во кој како партнери од македонска страна се вклучени и КЈП “Водовод“ и ОУ “Крсте Петков Мисирков“ од Оризари, ќе се реализира во период од 24 месеци со вкупен буџет од 135 илјади евра.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

23°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: South при 4 kmh
Четврток12°C/31°C
Петок13°C/29°C
Сабота14°C/31°C
Недела11°C/26°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 61 гости и нема членови


web counter



qr code