Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

detska olimpijada201816.04.2018  Над 200 деца од предучилишна возраст од највозрасните воспитни групи од петте објекти на градинката „Павлина Велјанова“ од Кочани учествуваа на Детската олимпијада.

Во спортската сала на ОУ “Никола Карев во саботата тие се натпреваруваа во пет спортски дисциплини што се прилагодени на нивната возрасна категорија.

Од име на Општина Кочани, учесниците и присутните на натрперварот ги поздрави градоначаникот Николчо Илијев, кој истакна дека организирањето нa манифестацијата е од огромно значење за развивање на спортскиот дух кај најмладите, но и вистински начин за градење заедништво, другарување и забава.

Директорката на градинката, Лидија Серафимова, упати благодарбост за поддршката од општината, прти што нагласи дека организрањето на Детската олимпијада ќе продолжи да се одржува и во наредните години.

- Веќе петта година по ред ја организраме оваа Детска олимпијада како заокружување на спортските активности што се реализираат на текот на целата воспитна година под менторство на професор Николче Колев, а се со цел кај децата да развиеме љубов кон спортот, да ги насочиме кон определување за спортски активности, да развиеме спортски вештини и спортски натпреварувачки дух, и пред се да ги постигнеме стандардите за рано учење и развој, рече Лидија Серафимова, директор на детската градинка „Павлина Велјанова“.

Детската олимпијада е замислена како можност за постигнување високо на ниво на моторички здрав интелектуален развој кај најмладите, а што треба да иницира спортски навики и подобра здравствена култура.

Манифестацијата беше под покровителство на Локалната самоуправа, а во соработка со Општинскиот спортски актив од Кочани.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

23°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: South при 4 kmh
Четврток12°C/31°C
Петок13°C/29°C
Сабота14°C/31°C
Недела11°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 68 гости и нема членови


web counter



qr code