Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

draganica kup201816.04.2018  Управата на ФК “Осогово“ во неделата успешно го реализираше најавениот меморијален турнир “Драганица куп“, што поради извесни објективни причини наместо во март, беше поместен за средината на април.

На турнирот учествуваа четири екипи со фудбалери родени 2003 година, а победничкиот пехар заслужено и припадна на екипата на “Беласица“ од Струмица, која во финалето го совлада домаќинот по изведувањето пенали.

На отворањето на турнирот, учесниците ги поздрави градоначалникот Николчо Илијев, а од Управниот одбор на “Осогово“ истакнаа дека и покрај објективните пречки, успеале да ги релизираат планирањата за одигрување на натпреварите.

- Со мало задоцнување, но сепак го организираме по дванаесетти пат овој фудбалски турнир “Драганица куп“, поради временските услови малку задоцнивме, но се потрудивме со четири екипи да го организираме за оваа година. Скромно, но сепак за секого има по некоја награда обезбедено, учествуваат четири екипи, нашата “Осогово“, “Слога“ од Виница, “Беласица“ од Струмица и “Плачковица“ од Радовиш. За догодина се надеваме дека ќе биде малку помасовно од оваа година, рече Горан Милосов, претседател на Управниот одбор на ФК “Осогово“.

Инаку, во првиот натревар младите фудбалери на “Осогово“ со резултат 5:1 ја совалдаа екипата на “Слога“ од Виница, а со сличен резултат виничани беа поразени и од тимот на “Плачковица“ од Радовиш.

Во финалната средба “Осогово“ и “Беласица“ одиграа без голови, по што се пристапи кон изведување пенали. Поголема спортска среќа и вештина имаа гостите од Струмица кои на крајот славеа побеада од 5:4.

Инаку, признанието за најдобар фудбалер му припадна на Митко Андонов од ФК “Осогово“, за најдобар голман на Филип Лазаревски од “Беласица“, а најдобар стрелец беше Љупче Пејов од “Осогово“.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

12°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 72%
Ветер: NNW при 6 kmh
Сабота8°C/23°C
Недела12°C/27°C
Понеделник13°C/28°C
Вторник12°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 149 гости и нема членови


web counter



qr code