X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

fa kocani srbija16.04.2018  Рекреативната група играорци од ФА „Кочани“ учесници на вториот меѓународен фестивал за ветерани што викендов се одржа во Параќин, Србија.

Рекреативната група фолклористи од овој ансамбл кои што веќе подолго време изучуваат и нова кореографија, на дводневната турнеја во Србија се претставија во одлично светло.

- Фолклорниот ансамбл „Кочани“ за време на викендот беше учесник на вториот меѓународен ветерански или рекреативен фестивал на ора и песни во Параќин. Се претставивме со нов сплет на игри и песни, станува збор за староградски песни и игри и со орото „Копачка“. На фестивалот учествуваа 14 групи, од нив две беа од Македонија, ние и Фолклорно студио „Радовишанки“ од Радовиш, рече Тони Манасијев, раководител на ФА „Кочани“.

Иако времето е кратко, сепак фолклористите освен настапот имаа време и да се прошетаат по српскиот град, а не изостана ниту забавата. Фолклористите до 15 години в четврток патуваат на турнеја во Турција.

- Веќе в четврток заминуваме на турнеја во градот Јелова, Турција и ќе учествуваме на детскиот фестивал. Таму ќе настапиме со деца до 15 години и со три групи од ансамблот, додаде Манасијев.

Фолклористите на овој ансамбл во текот на годината учествуваат на повеќе фестивали ширум светот и реализираат турнеи во зависност од можностите како и поканите кои што ги имаат. На фестивалите во светот секогаш го претставуваат градот па и целата држава во најдобро светло.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Недела1°C/6°C
Понеделник2°C/6°C
Вторник-3°C/4°C
Среда-3°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 112 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click