Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ucenici robotika119.04.2018  Се е подготвено за заминувањето на тимот ученици кои ќе ја претставуваат општина Кочани и Република Македoнија на меѓународниот натпревар по роботика во САД. Најголемиот дел од парите што им беа неопходни за патувањето се обезбедени, со што авионскиот лет до Детроит и престојот таму треба да помине без проблеми.

Покрај Ротари клубот Кочани - Виница, кој беше еден од главните донатори во обезбедувањето почетни услови за да проработи кабинетот по роботика, за учеството на натпреварот во Америка свој придонес дадоа и други субјекти.

Неколку дена пред заминувањето во Детроит учениците се возбудени и во исчекување што ќе им донесе новиот предизвик, но не заборавија да упатат благодарност до сите кои помногнаа нивната желба да стане реалност.

- Благодарност до сите наши поддржувачи кои ни овозможија в понеделник да отпатуваме на светското првенство што ќе се одржи во Детроит, особено голема благодарност до Фондот за иновации на Република Македонија кој ни ги обезбеди билетите до таму, потоа благодарност до Општината и до целиот бизнис сектор кој што ни помогна за да ги собереме средствата, уште мал дел остана и ние заедно со родителите ќе ги покриеме. Исто така, сакам да се заблагодарам и до дијаспората која ни го плати престојот таму и ни обезбеди превоз во Америка низ Детроит, рече Гордан Анастасов, ментор на тимот по роботика.

Нашите ученици немаат дополнителни информации што ги очекува на меѓународнито натпревар по роботика во Америка, но ветуват дека ќе дадат се од себе за да постигнат нов успех.

- Ние се надеваме дека како што досега го претставувавме достојно нашиот град и нашата република, оти истото ќе го направиме и во Детроит на светското првенство и се надеваме дека ќе се вратиме со награда и од таму, додава Анастасов.

За да се квалификуваат за учество на натпреварот по роботика во САД нашите ученици претходно ги освоија првите места на регионалните натпревари во Србија и Словенија. Во очекување на одлични резултати и на пошироко меѓународно ниво им посакуваме добар пат и многу среќа во Америка.

T. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Делумно облачно
Влажност на воздухот: 41%
Ветер: North при 56 kmh
Вторник4°C/19°C
Среда4°C/18°C
Четврток4°C/21°C
Петок9°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 155 гости и нема членови


web counter



qr code