Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

tim robotrika zaev20.04.2018  Учениците од тимот по роботика од Кочани пред заминувањето на меѓународниот натпревар во Детроит, имаа прием кај премиерот Зоран Заев. Заедно со директорот на Фондот за иновации и технолошки Јован Деспотовски, тој се сретнаа со ученици иноватори и нивните ментори и професори, кои како тим ќе ја претставуваат Македонија на Светското првенство во САД.

Тимот „The MAKBot Pioneers“ е составен од девет ученика од сите основни и средни училишта од Кочани, а тој функционира во склоп на СОУ „Гошо Викентиев“ и работи како дел на кабинетот по роботика.

Изразувајќи огромно задоволство од средбата, премиерот Заев истакна дека е чест да се дружи со младите ученици-иноватори и нивните ментори, кои покажуваат на дело дека во Македонија може да се дизајнираат и создаваат корисни дела.

- Разговаравме со Горјан, Мима, Сара, Ана, Никола, Давид, Јован, Петар, Моника и можам слободно да кажам дека Република Македонија може да се гордее и да очекува светла иднина со вакви млади луѓе. Овој тим од вредни, креативни и посветени ученици ќе ја претстави и промовира Република Македонија на светската мапа на млади иноватори и затоа ја заслужува сета наша поддршка. Владата, институциите, но и сите граѓани, сите треба да ги поддржиме младите умови на Македонија и да им честитаме за тоа. Да им честитаме на учениците, но и на нивните професори и ментори кои се заслужни за успешно завршената работа. Младите иноватори покажуваат на дело дека во Македонија можат да се дизајнираат и создаваат големи дела. Јас ги повикувам нив, но и сите млади, да работат, да создаваат и да креираат тука, во нашата Македонија, рече Зоран Заев, премиер на Република Македонија.

Премиерот Заев рече дека Владата на Република Македонија ќе продолжи да ја интензивира поддршката за иновации, за информатичка технологија, за развој и за дигитализација на Македонија.

Како благодарност за големата поддршка, тимот на младите иноватори и нивните ментори, на премиерот Заев и на директорот Деспотовски им дадоа подарок маици и испечатена благодарница.

- Следна наша цел е ова натпреварување да го донесеме и во нашата држава, и во Македонија, да не мора да настапуваме под други држави како што беше оваа година, и да можат и повеќе ученици да настапуваат во самото ова натпреварување, бидејќи е прекрасна работа за учениците, рече Гордан Анастасов, ментор на тимот по роботика од Кочани.

Ученикот Горјан Илијевски пред присутните ја престави работата на роботот направен од Лего коцки, со разни приклучоци во зависност од мисијата која што треба да ја извршува.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

22°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: East при 9 kmh
Четврток13°C/23°C
Петок13°C/27°C
Сабота14°C/28°C
Недела13°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 151 гости и нема членови


web counter



qr code