Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

minister zemjodelstvo navodnuvanje27.04.2018  Со Програмата за рурален развој во сите региони во Македонија ќе бидат издвоени значителни средства во системите за наводнување, со што ќе се намалат проблемите во земјоделско производство.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во придружба на директорот на АД за Водостопанство на Македонија, Илми Селами дојде во Мојанци на свеченото започнување на наводнителната сезона во Кочанско. Притоа, истакна дека се обезбедени пари за инвестиции во хидросистемите и дека во нив ќе се вложува континуирано.  

- Секоја година ќе одделуваме по 10 милиони евра за реконструкција, но и за изградба на нови системи за наводнување. Во оваа прва година, издвоивме 11 милиони евра што се дел од Програмата за рурален развој што се наменети и за реконструкција и за капитални инвестиции во наводнувањето. Ако сакаме да имаме модерно, конкурентно и иновативно земјоделство кон кое на долг рок се стремиме, водоснабдувањето е основата на која треба да се фокусираме, рече министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

Николовски додаде дека и годинава ќе продолжи инвестирањето во изградба на акумулации, како дел од системите за наводнување.

- Во 2017 година започна изградбата на браната Конско кај Гевгелија, проект од околу 40 милиони евра. Следниот месец ќе биде распишан меѓународен тендер за системот на наводнување на јужен Вардар, за кој на крајот од минатата година добивме германски грант од 4 милиони евра. Во овој регион ќе ја завршиме постапката од втората фаза за наводнување од хидросистемот „Злетовица“, за што во финална фаза е тендерската документација. Со ЕУ потпишавме договор за реализација на 10 системи за наводнување, од кои три, во Славишко Поле, во Струмичко и во Кичевско започнуваат со изградба оваа година. Во завршна фаза е документацијата за Слупчанска Река и добивањето градежни дозволи за системот Равен – Речица во Гостиварск, а во следните десетина дена се очекува добивањето градежна дозвола за браната Речани во Кочанско, додаде Николовски.

Министерот Николовски изрази задоволство што со пуштањето на водата од хидросистемот „Брегалница“, годинава навреме започнува наводнителната сезона за производство на ориз во кочанскиот регион.

- Имаме исчистено до сега околу 170 километри на отворени земјени канали и 250 километри на бетонски отворени канали, така што мислам дека приоритетните делови со 95 отсто ни се завршени, а ни остануваат некои мали детали за да може сезоната да ни почне активно, и дека во целост ќе ја истераме до крај, рече Дени Митров, директор на водостопанската подружница “Брегалница“.

Годинава од хидросистемот ќе се наводнуваат 8.700 хектари земјоделско земјиште во Виничко, Кочанско, Штипско и Светиниколско. Од нив, околу 3.700 хектари ќе бидат со ориз, а другите со останати земјоделски култури. Притоа, капацитетот на браните во моментот гарантира дека успешно ќе биде завршена сезоната за наводнување.

T. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток0°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 75 гости и нема членови


web counter



qr code