Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zapalena deponija kocani30.04.2018  Изгаснат е огнот што викендов ја зафати градската депонија на Кочани, лоцирана на патот кон Пониква.

Екипи од Територијалната противпожарна единица и од комуналното претпријатие “Водовод“ употребиле поголеми количини земја за да го задушат огнот за кој има основани сомневања дека бил подметнат.

Најверојатно пожарот го предизвикале лица кои собираат отпадни метали и други суровини на депонијата, кои ги палат отпадоците за полесно да ги издвојат материјалите што ги бараат.

Од КЈП Водовод“ рекоа дека случајот бил пријавен во Полициската станица, а се планира да се постават дополнителни дежурни чуварски служби на градската депонија за да се спречи нејзинот повторно палење.

Во писмен допис до јавноста од претпријатито велат дека предизвикувањето на пожар на депонијата е крајно опасно за околината, предизвикува голема еколошка штета, а доколку дојде до неконтролирано проширување можно е да има и огромни материјални штети. За локализирање на пожарот претпријатирео е принудено да испраќа цистерни, да ангажираме работници, механизација и возила, што исто така е дополнително финансиско оптоварување и за за КЈП „Водовод“, за Противпожарната служба и за граѓаните на Општина Кочани.

Во дописот се апелира до сите граѓани неовластено да не влегуваат на градската депонија и во никој случај да не палат оган на истата. Доколку некој забележи подметнување пожар на депонијата истото да го пријави во полиција.

Од комуналното претпријатие апелираа до градежните фирми и до граѓаните кои вршат ископ на земја, да ја носат на депонијата за да помогнат во спречувањето на нов пожар.

Во саботата попладне чадот од градската депонија кај Кочани стигна до градот и ја прекри целата котлина, поради што граѓаните регираа на загадениот воздух и смрдеата на изгорено.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

13°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: Variable при 4 kmh
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/23°C
Вторник13°C/24°C
Среда13°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 121 гости и нема членови


web counter



qr code