Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

traktor benzinska30.04.2018  Обезбедени се финансиските средства за реализирање на мерката “зелна нафта“ за земјоделците и тоа започнувајќи уште од оваа година.

Во Mинистерството за земјоделство веќе била изработена и методологијата за распределба на помошта, што според министерот Николовски ќе обезбеди важна поддршка за земјоделските производители во однос на намалувањето на трошоците.

При минатонедлената посета на кочанскиот регион тој рече дека се очекува неколку законски прописи, меѓу кои и оној за “зелената нафта“ да се најдат на усвојувањето во Парламентот на средината од оваа недела.

- На 2 мај во Собранието на пленарна сесија се шест закони кои што се во делот на земјоделството, кои се во функција и од интерес на земјоделците. Оваа мерка за воведување на “зелена нафта“ за земјоделците преку добивање платежни картички што ќе им бидат дадени од Платежната агенција, односно зелена карта каде што ќе се евидентира износот што го имаат врз основа на повтшините што ги поседуваат и врз основа на нивното производство, ќе добијат соодветен износ што можат да го користат. Сето тоа е внесено во законската рамка, очекувам дека ќе бидат објавени овие закони кои веќе се во второ читање, рече Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

Николовски истакна дека од страна на Министерството за земјоделство ќе продолжи исплатата на поддршката за земјоделците, без разлика дали станува збор за директни плаќања, односно субвенции или пак друг вид финансиска помош.

- Започнавме вчера со исплата на обештетувањата од 2017 година, го сменивме законот за персонален данок и веќе оваа година земјоделците до 1 милион денари ќе бидат ослободени од персонален данок, ја воведуваме оваа година “зелената нафта“, со тоа ќе имаат навремени субвенции со тоа помали прозиводтсвени трошоци, но и се поголема поддршка од државата, додаде Николовски.

Според министерот Николовски, освен овие мерки, во ресорното министерство се работи на воведување и на нови, развојни мерки кои се дел од Програмата за директни плаќања и од Програмата за рурален развој.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: North при 0 kmh
Четврток9°C/26°C
Петок8°C/26°C
Сабота7°C/23°C
Недела6°C/20°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 258 гости и нема членови


web counter



qr code