Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vel jan30.04.2018  ТА „Вел - Јан“ го прослави својот 25 роденден. Во присуство на голем број гости, соработници, познаници на основачите на агенцијата, „Вел - Јан“ го прослави својот јубилеј, 25 години од основањето.

Туристичката агенција „Вел - Јан“ е основана на 7 април 1993 година од господинот Димитар Велинскикој ги поздрави присутните.

Првите организирани тури надвор од државата на агенцијата биле за Сончев брег, Несебар и Поморие во соработка со локалната агенција “Несебар Ин“.

Големите промени за агелцијата во позитивна насока се случуваат со дипломирањето на синот на господинот Димитар, Јане Велински кој што исто така ги поздрави присутните.

„Вел - Јан“ го зголемува обемот на продажба, а со тоа и бројот на вработените во агенцијата кои што на роденденската забава го изненадија сопственикот Велински и му доделија диплома за најдобар директор.

„Вел - Јан“ е познат бренд во Македонија со над 70.000 фанови на социјалните мрежи. Како водечки тур оператор со 10.000 туристи годишно за Бугарија, има склучено околу 50 договори со туристички агенции за суб агентура од Македонија, Бугарија, Србија, Косово и Полска.

Инаку, гостите на роденденската забава на која што мсе сечеше и роденденска торта ги забавуваше познатиот бугарски евровизиски пејач Иваило Колев, во придружба на неговите четири грации на виолончело и виолина, како и групата „Медитеран бенд“ од Кочани.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: North при 0 kmh
Четврток9°C/26°C
Петок8°C/26°C
Сабота7°C/23°C
Недела6°C/20°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 260 гости и нема членови


web counter



qr code