Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

basket dino treta02.05.2018  Екипата на “Баскет Дино“ ги исполни планирањата за овогодишната сезона во Третата кошаркарска лига. Со 13 победи од 18 одиграни натпревари, нашите кошаркари првенството го завршија на третото место на табелата, при што освоија само еден бод помалку од двете првопласирани екипи на “Спорт тим“ од Неготино и “Партизан Мултишпед“ од Скопје.

Таквиот пласман отвора можности од следната сезона тимот на тренерот Сашо Лазаров да се натпреварува во повисок ранг. Сепак, дали тоа ќе биде реалност, зависи од исполнувањето на одредени предуслови.

Освојувањето на третото место не значи директен пласман во Втората кошаркарска лига, затоа што само првите две екипи го обезбедуваат тоа, но “Баскет Дино“ би можел да биде третиот патник во второлигашкото друштво доколку биде поволен расплетот од плејаут натпреварите во Првата лига.

Всушност, треба да се почека на пласманот на екипите кои играат за опстанок во прволигашкото друштво, по што и Кошаркарската федерација на Македoнија би требало да реши дали од догодина публиката во Кочани ќе гледа второлигашка кошарка.

Со оглед што во Првата кошаркарска лига тимот на “Карпош Соколи“ е претпоследен и игра во плејаутот, доколку не обезбеди опстанок ќе мора од догодина да се најде во понизок ранг. Сепак, во Втората лига скопјани веќе имаат своја екипа, па се поставува прашањето дали е можно две екипи со исто име да се натпреваруваат во иста лига. Ако биде решено дека скопјани ќе настапуваат само со една екипа, тогаш тоа ќе значи влез и за “Баскет Дино“ во Втората лига.

Како и да е, пласманот на нашите кошаркари во повисок ранг ќе зависи од играта и пласманот на прволигашот “Карпош Соколи“, но и од натпреварувачката комисија во КФМ. Иако изгледа тешко, сепак не е невозможно конечно кошарката во Кочани да се врати на поголема врата.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: WSW при 2 kmh
Четврток9°C/26°C
Петок8°C/26°C
Сабота7°C/23°C
Недела6°C/20°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 254 гости и нема членови


web counter



qr code