Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Gimanzija kipar02.05.2018  Групата од 6 ученици и 4 ментори професори во СОУ „Љупчо Сантов“ викендов се вратија од неколкудневниот престој во Кипар каде што учествуваа во проектот на Еразмус плус програмата Доживотно математика.

Учениците задоволни од престојот таму се вратија со проширено знаење од областа на математиката .

-Таму најпрвин имавме претприемен тест со цел да го видат нашето знаење од областа на математиката. Во наредните денови од престојот имавме предавања таму од директорот на Институтот по математика и наука. Имавме и домашни задачи, а нашите професори по математика многу ни помогнаа во се и во задачите. На крајот имјавме звршен тест со цел да се види колоку ние го совладавме материјалот, рече Јована Јангеловска, ученичка во СОУ „Љупчо Сантов“.

-Сите активности беа одржани во училиштето во Кипар каде што заедно со партнерите од Кипар, Турција, Романија, Италија, учениците работеа математички задачи и напредно учење математика. И не само математиката. Бидејќи целата активност се одвиваше на англиски јазик, нашите ученици имаа можност со тоа да го усовршат и англискиот јазик, рече Миле Лефков, професор во СОУ „Љупчо Сантов“.

Согласно проектот „Доживотно математика“ планирано е истите тие професори ментори од Кипар да дојдат во Кочани во месец јули и да бидат гости на учениците и професорите од СОУ „Љупчо Сантов“ за што се надеваат дека и тие ќе се покажат и ќе бидат добри домаќини.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

19°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: SE при 4 kmh
Понеделник17°C/31°C
Вторник17°C/31°C
Среда16°C/32°C
Четврток17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 130 гости и нема членови


web counter



qr code