Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

mile lefkov03.05.2018  Миле Лефков е новиот претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Кочани.

На седница на Извршниот комитет на партијата, а по предлог на партискиот претседател Христијан Мицкоски тој ја добил довербата да ја извршува функцијата во наредниот период.

На својот фејсбук профил Лефков вели дека таквата одлука за него е голема чест и задоволство, но и огромна одговорност. Притоа најавува целосна посветеност во градење на довербата и почитување на сите членови и симпатизери, одржување на творечки амбиент во кој секој несебично го дава својот допринос и е свесен за важноста на своите активности.

Исто така, ветува дека ќе даде дополнителен придонес во јакнење на демократијата, градењето слободна држава во која владеењето на правото е единствен принцип, а подобрувањето на животниот стандард е приоритет број еден.

Лефков во општинскиот комитете на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани е активен повеќе години, при што извршуваше неколку различни функции.

Тој доаѓа на местото на досегашниот претседател Лазо Митев, кој на функцијата беше назначен во ноември 2015 година, а втор мандат е член на Советот на Општина Кочани и координатор на советничката група.

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Четврток9°C/26°C
Петок8°C/26°C
Сабота7°C/24°C
Недела7°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 116 гости и нема членови


web counter



qr code