Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

piroski1103.05.2018  Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство заплениле и уништиле околу 300 килограми небезбедна храна, смеса за подготовка на пирошки и јајца, затекнати при инспекциската контрола во објект што не е одобрен и регистриран од Агенцијата.

Спроведената истрага утврдила дека небезбедните пирошки кои предизвикаа дополнителни труења со храна, во Штип и во Кочани, се произведувале нелегално, во домашни услови, во објект што се наоѓал непосредно над операторот со храна  „Гицов“ ДООЕЛ од Кочани кој на 25 април бил затворен од страна на Агенцијата и Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Небезбедните производи се повлечени и уништени меѓу кои и пирошките кои биле дистрибуирани на пазарот, се наведува во соопштението на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Со одземањето, спречувањето на нелегалното подготвување и дистрибуирање на небезбедните пирошки и нивното нештетно уништување под надзор на инспектор за храна, затворена е истрагата за овој случај во кој беа затруени поголем број лица. Сторителот на делото ќе биде прекршочно и кривично гонет од страна на надлежните државни органи.

Агенцијата за храна, како што се наведува во соопштението, јавно се заблагодарува на граѓаните за дадената соработка при решавањето на овој случај.

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

20°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 83%
Ветер: Variable при 4 kmh
Среда17°C/28°C
Четврток16°C/26°C
Петок16°C/29°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 94 гости и нема членови


web counter



qr code