Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ilijev pres sednica03.05.2018  Политичките партии се уште не можат да се надминат и да излезат од своите ровови, особено кога станува збор за интересите на граѓаните, за што пример е усвојувањето на кварталниот извештај за извршувањето на буџетот.

Ова, на прес-конференцијата што се одржа веднаш по завршувањето на 10. седница на Советот на Општината, го потенцираше градоначалникот Илијев.

- За жал и овојпат се покажа дека дел од советниците се овде не да ги решаваат проблемите на граѓаните, туку за свои лични цели, а кои се тие цели, самите знаат. Без обѕир на целокупната ситуација, ние како локална самоуправа, јас како градоначалник и мојот тим кој се грижи и работи во делот на реализацијата на Буџетот и исполнување на преземените обврски, сме горди што денеска имавме шанса да го претставиме она што го направивме во изминатите три месеци, односно во изминатите пет месеци од периодот откако ја презедов градоначалничката функција, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Во продолжение Илијев се осврна на финансиското работење во измниатиот период, при што спомена дека поголем дел од наследените долгови на Општината се вратени, се покриваат и тековните обврски, а тоа се постигнува со рационално трошење на парите на граѓаните.

- Ние во овој период имаме направено јавна набавка, распишано тендери за изведба на 11 улици, кои дел се работат, а кај дел е во процедура за потпишување договори, во следниот период ќе следи една градежна офанзива каде граѓаните ќе можат да видат и градење и благодет преку изградените улици. Не е запоставен и делот во разговорите со централната власт околу инвестирањето на одредени поголеми инфраструктурни проекти, како што е изградбата на детска градинка, каде направивме напори, изработивме проект кој дали ќе биде одобрен од стручните служби на Министерството за труд и социјална политика ќе почекаме, но во секој случај сме неколку чекори напред во однос на тоа што го затекнавме, бидејќи покрај проектот за детска градинка чека уште еден проект за релизација, а тоа е изградбжа на старечки дом во Кочани и со тоа мислам дека одговараме на повиците од централната власт, додаде Илијев.

На крајот од прес-конференцијата градоначалникот Илијев рече дека освен од централаната власт, подршка за реализација на проекти се бара и од други извори, при што преку Центарот за разој на Источниот плански регион е конкурирано со два проекти, а носител на еден проект е и КЈП “Водовод“. Со тоа се очекува да се решат дел од проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

13°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: Variable при 4 kmh
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/23°C
Вторник13°C/24°C
Среда13°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 123 гости и нема членови


web counter



qr code