Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

upis prvacinja03.05.2018  Почнаа уписите на идните првачиња во основното образование. Од Oдделението за јавни дејности на Општина Кочани и од училиштата ги повикаа сите првачиња родени 2012 година да се јават за упис по претходно добиена покана.

Иако на список се поголем број, сепак, во петте основни училишта во Кочани и годинава се очекува во прво одделение да се запишат околу 300 првачиња.

- Според Законот за основно образование член 46 од 1. до 31. мај децата се запишуваат во прво одделение. Оваа година се запишуваат ученици родени 2012 година и во јануари 2013 година. Доколку истите се подготвени за училиште. Според МВР ова година имаме 425 деца за упис, но со оглед на тоа дека голем број од тие деца не се во Македонија, очекува да се запишат околу 300 деца во прво одделение. Сите родители кои што ќе добијат покана од училиштата треба да го запишат своето дете во прво одделение, а ако случајно не добијат покана а детето е родено во 2012 година треба да се јават во најблиското училиште, рече Голубинка Ѓеорѓиева, раководител на одделение за јавни дејности во Општина Кочани.

Инаку, од училиштата и од Одделението за јавни дејности од Општина Кочани информираат дека и оваа година Кочани не е влезен во пилот-проектот на Министерството за образование за нова програма, така што и годинава учениците останува да учат по старата наставна програма.

Училиштата се подготвени за прием на нови ученици, а секое дете кога ќе дојде за упис ќе биде тестирано од педагог, психолог и наставник, со цел да се види подготвеноста на идниот ученик за поаѓање на училиште.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

13°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: Variable при 4 kmh
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/23°C
Вторник13°C/24°C
Среда13°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 117 гости и нема членови


web counter



qr code