Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

speling bee03.05.2018  Солиден успех покажаа учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ на националниот натпревар по спелување Spelling Bee кој што традиционално секоја година се организира од државите што се под англиско говорно подрачје и од Мировниот корпус.

- Учествувавме со четворица ученици на националниот натпревар по спелување. Учениците кои што учествуваа се од прва и трета година, а се подготвуваа под менторство на професорите Светлана Алексиева и Лазар Димитријев. Учениците стигнаа до петтиот круг, а најголем успех постигна Матеј Анакиевски од трета година со освоено петто место. Инаку, другите учесници беа Јордан Алексов, Марио Паунов и ДимитарРашков, рече Ѓорѓи Цеков, професор во СОУ „Љупчо Сантов“.

Учениците од ова училиште секоја година земаат учество на Spelling Bee натпреварот по англиски јазик и се враќаат со одлични резултати. Натпреварот се одржа на Универзитетот на Југоисточна Европа во канцелариите во Скопје.

Т. Велкова

 

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

13°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: Variable при 4 kmh
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/23°C
Вторник13°C/24°C
Среда13°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 125 гости и нема членови


web counter



qr code