Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

potrosuvaci organizacija03.05.2018  „Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор - развивање иновативен модел за мобилизација на финансиски средства“ е проектот во кој е вклучена и Организацијата на потрошувачи Кочани и за кој подготвува спроведување на повеќе активности.

Една од планираните активности се одржа во ресторанот „Амор“ во Кочани на која беше презентиран проектот кој што е финансиран од ЕУ а неговата цел е развивање иновативен модел за соработка на граѓанските организации со деловниот сектор а притоа:

- Да се воспостави фер односи со потрошувачите во Источно планинскиот регион кои што заземаат централно место во маркетинг стратегијата, опстанокот, конкурентноста и развојот на компаниите;

- Сертифицирање на компаниите кои имаат фер односи со потрошувачот;

- Да се подигне свеста за задоволување и интересите на потрошувачите ида се унапреди односот на компаниите со клиентите.

Фирмите кои што ги исполнуваат критериумите поврзани со фер практики кон потрошувачите и животната средина ќе имаат можност да се стекнат со сертификатот „Фер со потрошувачот“, сертификат кој што носи придобивки за претпријатијата.

- Асоцијација „Зенит“ заедно со Организација на потрошувачи на Македонија и со здружение на бизнис консултанти „Креација“ имплементираа проект финансиран од ЕУ чија што цел е да се решат два проблема кои што постојат во Македонија. Првиот проблем кој што настојуваме да го надминеме е зависноста на граѓанските организации од финансирање од странски извори на средства и нивното непостоење на соработка и активност на поврзување со деловната заедница. Од друга страна, настојуваме да го решиме проблемот со недовербата на потрошувачите во сулугите што ги нудат локалните компании и проблемите кои што се јавуваат во однос на постоење на голем број на поплаки од потрошувачите за производите и услугите што ги добиваат. Проектот настојува да развие еден сертификат за фер однос кон потрошувачот кој што го добиваат македонбските претпријатија а ќе биде издаван од граѓански организации врз основа на критериуми што треба да ги исполнат компаниите. Сертификатот ќе има за цел да влее доверба на домашните потрошувачи дека компаниите кои што го имаат тој сертификат стопанисуваат според сите правила за фер однос кон потрошувалите и дека доколку се јави некаков проблем со производот и услугата дека ќе можат да го решат на лесен и едноставен начин, рече Александар Николов, директор на Асоцијација „Зенит“ Скопје.

Сертификатот се заснова на меѓународни критериуми за фер однос кон потрошувачите и како искуство е преземен од Словенија каде што постои ваква сертификација на претпријатија. Проектот се имплементира заедно со уште 11 Организации на потрошувачи меѓу кои и Организација на потрошувцачи Кочани чија што цел е да идентификуваат компании на локално ниво кои што се заинтересирани за стекнување на таквиот сертификат и по верификација на критериумите да го извршат доделувањето на сертификатот.

- Ние како Организација за заштита на потрошувачи Кочани во нашето 15 годишно постоење соработуваме со бизнос секторот што значи дека досега целокупната наша работа во истражувањето на работата на фирмите и за подобри производи за потрошувачите одлучивме да го презентираме овој проект. Преку оваа активност претставуваме проект што ќе развие иновативен модел за соработка на граѓанските организации со деловниот сектор, преку давање услуги за сертифицирање на претпријатијата за фер практики кои потрошувачите ги вклучува и влијанието на производите врз животната средина, рече Виолета Зашева , претседател на Организација на потрошувачи Кочани.

Во рамки на проектот предвидени се активности за промовирање на компаниите кои што ќе го добијат овој сертификат за да можат потрошувачите да бидат запознаени кои се тие компании да би можеле безгрижно да купуваат производи. Организацијата на потрошувачи Кочани ќе треба да го истражи локалниот пазар, да ги идентификува компаниите кои ќе бидат заинтересирани за добивање на сертификатот и да извршат промоција пред потрошувачите и пред деловната заедница во Кочани.

Во моментот е во тек на спроведување анкета преку која се идентификуваат заинтересираните компании и наскоро ќе се започне со сертификација. Преку проектот финансиран од ЕУ 30 компании овој сертификат ќе го добијат бесплатно, а во иднина другите бзаинтересирани компании ќе треба да издвојат одредени средства за да се стекнат со ваквиот сертификат. Инаку, според информациите од Организацијата на потрошувачи во Кочани постои солиден интерес од страна на компаниите да се стекнат со овој сертификат.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

19°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: SE при 4 kmh
Понеделник17°C/31°C
Вторник17°C/31°C
Среда16°C/32°C
Четврток17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 116 гости и нема членови


web counter



qr code