Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

nade efremova04.05.2018  Во Скопје по 14-ти пат се одржа Детскиот литературен фестивал „Ракатки“ - 2018, во организација на Домот на просветни работници и Министерството за култура. Темата на која пишуваа младите литерати-основци од Македонија беше „Наследство“.

На Фестивалот, покрај многубројните учесници од Македонија, учество зеде и ученичката Наде Ефремова од 9 одделение од ОУ „Никола Карев“ - Кочани, под менторство на наставничката Љупка Стојменова, која за својата песна „Скапоцено наследство“, ја освои првата награда.

- На 14. литературен фестивал „Ракатки“ што годинава се одржа во Скопје, во конкуренција од 120 песни 40 беа наградени, од кои што јас ја освоив првата награда за песната „Скапоцено наследство“. Пишував за наследството од баба ми, во случајот народната носија. Инаку, две години учествувам на овој фестивал кој што е на државно ниво и два пати ја освојувам првата награда, рече Наде Ефремова, ученичка во ОУ „Никола Карев“.

На осмиот меѓународен фестивал за поезија „Машта и снови“ што се одржува во Сремска Митровица, Република Србија, комисијата одлучи наградата за најсликовита песна да и припадне на ученичката Пандора Манева од ОУ „Никола Карев“. Таа исто така работеше и се подготвуваше под менторство на наставничката по македонски јазик и литература Љупка Стојменова.

- На осмиот фестивал „Машта и снови“ што се одржува во Сремска Митровица, а годинава ќе се одржи на 29 мај. комисијата веќе одлучи кои се наградени. Меѓу наградените сум и јас за песната „Булките крај шините“ за најсликовите песна. Пишував за тоа како расцутуваат булките, како се покрај шините и едната од нив свенува и ја бара другата, рече Пандора Манева, ученичка во ОУ „Никола Карев“.

Освен Манева која што е наградена, на овој фестивал пофалени се ученичките Наде Ефремова и Михаела Павлова, а наградените своите награди ќе можат да си ги подигнат на 29 мај 2018 година кога во Сремска Митровица ќе биде одржан овој фестивал.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

22°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: East при 9 kmh
Четврток13°C/23°C
Петок13°C/27°C
Сабота14°C/28°C
Недела13°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 179 гости и нема членови


web counter



qr code