Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

policiska stanica kocani1104.05.2018  Губењето на статусот на Управа, односно Сектор за внатрешни работи и деградирањето во ранг на Полициска станица од општа надлежност, не придонесе за подобрување на безбедносната состојба и нормално извршување на работните задачи во Кочани и регионот.

Всушност, од 2008 година, кога тоа беше направено, до денес нема промени во состојбата со криминалитетот, со работните задачи и со бројот на населението што таа го покрива, а со тогашната систематизација се изгубени драгоцени кадровски, материјални и други услови за работа.

- Да ви кажам една фрапантна ситиуација, од 2008 година до сега ние имаме некаде над 40 отсто број на извршители помалку. Сега се соочуваме со проблеми, немаме доволно луѓе, немаме доволно извршители да ги испратиме во пооддалечените села, немаме технички средства, немаме можности и возила да ги испратиме луѓето на терен, се соочуваме со многу голем проблем. Ќе ве замолам, сите заедно, колку ни е можноста, да можеме да се избориме да го кренеме рангот на Полициската станица – Кочани, да не бидеме на овој ранг каде што сме сега, затоа што овие резултати нема да можат да се подобрат и овие резултати, тешко дека со овие луѓе, со овие услови дека ќе ги подобриме, рече Горан Јакимовски, командир на Полициска станица – Кочани.

Изнесувањето на овие податоци на последната седница на Советот на Општина Кочани, ги обедини советниците од различна политичка припадност, кои искажаа подготвеност да дадат поддршка.

- Во делот на она што се вели Кочани како општина и Полициска станица, заслужува и како заклучок може да се даде препорака, а ако беше министерот за внатрешни работи овде неколку пати во посета, еве можност, кажете дека и советниците и сите како дел од оваа општина ќе дадеме поддршка да се врати на она што личи, рече Лазо Митев, член на Советот на Општина Кочани.

- Сакам да ве охрабрам дека градоначалникот презема многу силни активности во врска со лобирање за подигање на рангот на Полициската станица и вие претпоставуваме дека сте информирани за таа работа. Се очекува со новиот предлог-закон за МВР, Полициската станица во Кочани да прерасне во Сектор за внатрешни работи – Кочани. Оттука, апсолутно ја поддржуваме и иницијативата што ја даде колегата Лазо Митев и сметам дека треба да биде како предлог-заклучок едногласно поддржано од страна на сите советници, рече Ѓорѓи Алексов, член на Советот на Општина Кочани.

Предлог-заклучокот го поддржа сите присутни советници на Седницата, а дали Полициската станица ќе го врати рангот на Сектор што го имаше пред 10 години ќе се почека на измените во организациската структура во МВР. Дотогаш, состојбата со криминалитетот и извршувањето на работните задачи, кочанските полицајци ќе мора да ги следат со постојните услови.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

22°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: East при 9 kmh
Четврток13°C/23°C
Петок13°C/27°C
Сабота14°C/28°C
Недела13°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 182 гости и нема членови


web counter



qr code