Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

holandski ambasador poseta kocani07.05.2018  Деловната соработка меѓу Македонија и Холандија се повеќе се проширува и зајакнува, при што холандските партнери во соработка со домашните фирми инвестираат кај нас. Овде е вклучена и општина Кочани каде во различни производни дејности покрај сопствен капитал, се ангажирани и наши работници.

Ова беа дел од констатациите што произлегоа од работната средба на амбасадорот на Кралството Холандија, Воутер Пломп со градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Солидните услови за работа и инвестирање што постојат во нашата општина, овозможија неколку холандски фирми да инвестираат и сопствен капитал, а така ќе продолжат и во иднина.

- Возејќи накај Кочани секогаш од воодушевувам од прекрасните оризови полиња во неговата околина. меѓутоа доаѓајќи наваму, денеска осознав дека постојат и други можности, како во земјоделието, така и за други индиустриски гранки во Кочани и мило ми е што го гледам тоа во градот. Како што веќе спомена градоначалникот, во Кочани работат најмалку пет големи холандски компании, во земјоделието како „Антура“, системи за ладење како „Геерлофс“, неколку компании во текстилната индустрија и ми беше задоволство со градоначалникот да поразговараме за можностите како понатаму да ја развиеме таа соработка и уште повеќе холандски инвеститори да донесеме во Кочани, рече Вилем Воутер Пломп, амбасадор на Холандија.

Градоначалникот Илијев изрази задоволство од средбата со холандскиот амбасадор, при што истакна дека го информирал за актуелните активности и можностите за инвестирање што ги нуди општина Кочани.

- Ова прилика ја искористивме да поразговараме за она што се случува во нашата општина, да го информирам господинот амбасадор за работите што ние ги преземаме за подобрување на стандардот, односно животот на граѓаните на општина Кочани, како и за нашите стопански активности што ги имаме во општината, рече Николчо Илијев. градоначалник на Општина Кочани.

Посетата на Општина Кочани на холандскиот амбасадор беше во рамки на неговот престој кај нас по повод пуштањето во работа на вториот погон на компанијата „Антура“, а беше најавено дека контактите со холандскиот бизнис-сектор ќе продолжат и ќе се бараат начини тој да се проширува и во други области.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

5°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: NE при 11 kmh
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела-1°C/9°C
Понеделник-1°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 118 гости и нема членови


web counter



qr code