Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

gurgovdernski obicai07.05.2018  Дефиле низ улициte на Оризари, концерт на фолклорни ансамбли од Србија и Македонија и традиционални ѓурѓовденски обичаи - биење млеко, подготовка на масло и ѓурѓовденски зелник.

Вака беше одбележан фестивалот на традиционални ора и песни „Ѓурѓовденски обичаи 2018“ кој што секоја година се одржува во Оризари во чест на православниот празник Ѓурѓовден.

И годинава низ повеќе автентични игри поврзани со празникот Ѓурѓовден, организаторите ја доближија традицијата, фолклорот, обичаите, песните и ората кои со векови наназад ги негувале нашите предци во населените места во Осоговијата а подоцна со доселувањето и во населбата Оризари.

На петтиот по ред меѓународен фолклорен фестивал учествуваа фолклорни групи и друштва од Македонија и соседна Србија, а се сукаа околу 20 зелници и се правеше матеница.

Членовите на фолклорниот ансамбл од Оризари изведоа повеќе игри на трева, а пред присутните беа презентирани обичаите: биење на млеко, правење масло, сукање ѓурѓовденски зелник и правење други народни специјалитети кои се подзаборавени во денешно време.

На дефилето и обичаите му претходеше целовечерен концерт кој што сеодржа во салата на Домот на културата во Оризари на кој настапија фолклорните групи од Македонија и Србија и домаќинот ФА„Љупчо Сантов“.

Фестивалот заврши со песна и заедничко дружење и дегустација на традиционалните јадења. Организатор на ѓурѓовденскиот фестивал петта година по ред е ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари со поддршка од Локалната самоуправа на Кочани и Министерството за култура.

Т. Велкова

 

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

22°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: East при 9 kmh
Четврток13°C/23°C
Петок13°C/27°C
Сабота14°C/28°C
Недела13°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 181 гости и нема членови


web counter



qr code