Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

antura2 otvoranje07.05.2018  Викендов во Кочани беше предаден во употреба вториот производствен капацитет на холандската компанија „Антура“.

Се работи за новоизиграден објект на површина од 15 илјади метри квадратни, опремен со најсовремена технологија и лабораторија, во кој ќе се произведува цвеќе од видот Phalaenopsis.

За само четири години од доаѓањето во Македонија, оваа гринфилд инвестиција вредна 15 милиони евра обезбеди 440 нови работни места. Од менаџерскиот тим на компанијата рекоа дека вложувањето во развојот нема да запре, што ќе придонесе двојно да се зголеми производството, но и бројот на вработените.

- Развојот и брзиот пораст на компанијата ги надмина нашите очекувања и затоа во 2016 година решивме да го удвоиме нашиот производствен капацитетот и за краток период ќе можете да го видите резултатот, рече Јохан Хејле, управител на компанијата „Антура МК“.

Амбададорот на Холандија во Македонија рече дека добрата бизнис клима кај нас овозможила неколку компании од неговата држава да инвестираат овде.

- Горд сум што имаме 5 големи холандски компании во Кочани - „Антура“, „Вин винкел“, „Вима фешн“, „Дена текстајл“ и „Геерлофс“. Сите пет имаат голем удел во локалната економија и отворањето нови работни места во регионот, рече Воутер Пломп, амбасадор на Холандија.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој присуствуваше на предавањето во употреба на новиот погон на „Антура“, рече дека Владата на Република Македонија и понатаму ќе поддржува вакви и слични успешни странски инвестиции.

- Една од најважните работи за секој инвеститор е сигурноста на неговиот капитал и предвидливоста. Во таа смисла, инвестиционата поддршка која, Владата ја дава за сите економски оператори во Македонија, ја преточивме во закон. Среќен сум што тој закон неделава помина во Парламентот и „Антура“ ќе биде еден од првите корисници на придобивките од него, во однос на она што инвестирале во 2017 година да инвестираат во наредните години, рече Кочо Анѓушев, вицепремиер во Владата на Република Македонија.

Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев вети дека освен во индустријата, општината ќе даде поддршка и на странски инвестиции во земјоделството и во развојот на бањскиот и планинскиот туризам.

На свеченоста беше речено дека плановите се до 2020 година „Антура“ во Кочани да има над 700 вработени.

T. Aјтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

5°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: NE при 11 kmh
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела-1°C/9°C
Понеделник-1°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 74 гости и нема членови


web counter



qr code