Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

nabljuduvacnica ptici107.05.2018  Во рамки на одбележувањето на Денот на штркот во општина Чешиново-Облешево беше предадена во употреба наменска набљудувачница за птици.

Објектот е лоциран кај селото Уларци и е дел од проектот “Wet Meadows and Pastures“ што заеднички го реализираа Локалната самоуправа и Македонското еколошко друштво со грант од германската фондација Еуронатура.

Пред неколку години МЕД спроведе броење на гнездата на штрковите во општина Чешиново-Облешево при што беше утврдено дека ги има близу 100, односно дека во регинот живее најголема популација од овие птици.

Токму изградбата на набљудувачницата е дел од проектот, чии активности ќе продолжат и во наредниот период.

- Добиен е и нов грант за активности поврзани со промовирање на оваа општина за таков еден тип на еко-туризам, како и подобрување на социо-економската положба во општината, пред се заради прилив на туристи и обезбедување добра туристичка понуда, не масовен, туку еко-туризам, затоа што оваа општина навистина заслужува добра промоција, не само во Македониај, туку и пошироко во Европа, рече Робертина Брајановска од Македонското еколошко друштво.

Од МЕД додадоа дека покрај еколошкиот и промотивниот аспект, проектот опфаќа и едукација и подигање на јавната свест, посебно кај најмладите за заштита и поголема грижа кон птиците.

- Многу сме среќни што лани за првпат пописот на штрковите исто така го правеа училиштата, тие излегоа на терен, со мала обука од нас, тие можеа со научна методологија веќе да ги избројат точно гнездата на штркови, се надеваме дека тоа ќе остане и во наредните години така, бидејќи тие се оние кои се грижат за овие птици. Нашата соработка со наставниците продолжува и понатаму и некои од нив ќе учествуваат на еден наш проект преку кој ќе патуваатво Ирска на дообука, бидејќи ќе бидат дел од една иницјатива на Еразмус плус за размена на наставници, рече Ксенија Путилин од Македонското еколошко друштво.

По повод Денот на штркот во селото Чешиново се одржа и забавно-музичка програма во која учествуваа стотина ученици од основните училишта.

Инаку, општина Чешиново-Облешево пред пет години беше примена во Европската мрежа на село на штркот, со што оваа птица стана нејзино заштитно обележје.

 Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

21°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 73%
Ветер: Variable при 4 kmh
Четврток17°C/26°C
Петок15°C/29°C
Сабота17°C/32°C
Недела18°C/35°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 114 гости и нема членови


web counter



qr code