Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

gimanzija atletika07.05.2018  Иако во Кочани немаме атлетски клуб, сепак учениците од Гимназијата „Љупчо Сантов“ постигнаа одлични резултати на државното првенство за средни училишта по атлетика што се одржа во Скопје.

Второ и четврто место во дисциплината трчање до 800 метри, односно 400 метри.

- Учествував на државното првенство за средни училишта во атлетика и го освоив второто место во дисциплината трчање на 800 метри. Се подготвував под менторство на професорот Ангелчо Колев и многу сум задоовлна од успехот бидејќи во силна конкуренција јас успеав да го земам второто место, рече Марија Коцева, ученичка во СОУ „Љупчо Сантов“.

-Јас се натпреварував во дисциплината трчање на 400 метри и го освоив четвртото место. Многу сум задоволна од успехот, понатаму ќе се трудам да постигнам и поголеми резултати, рече Христина Тодосиева, ученичка во СОУ „Љупчо Сантов“.

Учениците се подготвуваа под менторство на професорот по спорт и спортски активности Ангелчо Колев кој што вели дека овие талентирани ученици ги открил при пријавување за учество на пролетниот крос што секоја година се одржува во Кочани и каде што се покажаа најдобри.

-Освен одржување на редовни часови ние професорите се обидуваме да ги откриеме талентираните ученици и да учествуваме со нив на натпревари. Овие две девојки се докажаа дека можат многу во атлетиката, јас сум презадоволен од резултатите што ги постигнаа на државното првенство со оглед на тоа што таму се натпреваруваа со професионалци во трачањето, но со оглед и на тоа дека после 20 години зема некој учество на атлетика од нашетот училиште , а факт е дека атлетски клуб немаме и учениците немаа соодветни подготовки, а сепак постигнаа голем резултат, рече Ангелчо Колев, професор по спорт и спортски активности во СОУ „Љупчо Сантов“.

Освен во атлетика, учениците од ова училиште постигнуваат солидни резултати и по други предмети. Ученичката Сашка Јованчевска пак, учествуваше на регионалниот натпревар по германски јазик каде што го освои второто место и се пласираше на државен.

-Со гордост можам да кажам дека на натпреварот по гермаснки јазик што се одржа во Штип го освоив второто место. И покрај силната конкуренција со учество од 150 ученици, сепак успеавме да си избореме заедно со мојата менторка професорката Магдалена Манева и го освоивме второто место. На државниот натпревар се надеваме на поголеми успеси, рече Сашка Јованчевска, ученичка во СОУ „Љупчо Сантов“.

Јованчевска се подготвуваше под менторство на професорката по германски Магдалена Манева.

-Во саботата на 5 мај учествувавме на регионалниот натпревар по германски јазик што се одржа во Штип и го освоивме високото второр место и се пласиравме на државниот натпревар што ќе се одржи на 18 мај во скопје. Голема заслуга за тоа има ученичката Сашка Јованчевска која вредно и напорно работеше и нсе надевам дека ќе послужи како пример за другите ученици, рече Магдалена Манева, професор по германски јазик во СОУ „Љупчо Сантов“.

Јованчевска сега се подготвува за државниот натпревар што ќе се одржи на 18 мај во Скопје од каде што очекува голем успех и освојување на првото место.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

22°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: East при 9 kmh
Четврток13°C/23°C
Петок13°C/27°C
Сабота14°C/28°C
Недела13°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 183 гости и нема членови


web counter



qr code