Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

makteon201807.05.2018  Со телесната смрт на рок легенда Симеон Иванов Канго, не умира и одржувањето на Мактеонот кој што тој секоја година го организираше.

И оваа година на дабот кај селото Бели се одржаа дел од настаните на „Мактеон“, благодарение на организираноста на група ентузијасти кои што го поддржуваат и продолжуваат делото на Канго. Во чест на рок легендата се читаа стихови од страна на членовите на ЛК „Копнеж“што функционира во склоп на библиотеката „Искра“.

Свое обраќање пред присутните имаа членовите на семејството на Канго, како и организаторите иницијатори за продолжување на неговото дело.

- Чест и задоволство ми е што сме собрани овде. Смртта на Канго не значи и смрт на неговите дела. Јас како иницијатор за формирање на иницијативниот одбор за продолжување на делата на Канго ќе настојувам на најдобар можен начин да го продолжиме тоа што тој со години наназад го правеше и за музиката и општо за целата култура во државата. Се собравме заедно со неговото семејство да го одбележиме големиот настан Мактеон и да ве известиме дека во најскоро време ќе следува организирање на голем настан во негова чест и слава и вечно сеќавање, рече Ненад Стојанов, организатор.

На 23-от космополитски собор освен поддржувачите на Канго, присуствуваа и членови на поголем број здруженија од Македонија меѓу кои свое обраќање имаше и Бошко Божинов, претседател на здружението за заштита на човековите права на прогонетите од егејскиот дел на Македонија „Ѕвезда“ од Велес.

Понатаму со дружење, постетување на делата на Канго продолжи прославата преку која сите што беа присутни му возвратија на Канго за љубовта бидејќи тој ги љубеше сите и со многу љубов правеше се за Македонија.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

32°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 29%
Ветер: WSW при 7 kmh
Среда17°C/33°C
Четврток17°C/32°C
Петок16°C/31°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 249 гости и нема членови


web counter



qr code