Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

maraton simeon08.05.2018  18-годишниот Симеон Симеонов од Кочани втора година по ред го истрчува полумаратонот на 21 км. Оваа година се надминал и себеси бидејќи го истрчал за еден час и 54 минути, што е за 4 минути побрзо од минатата година кога го поминал за еден час и 58 минути.

Вели дека за да се постигне целта потребни се долги подготовки, но и истрајност, упорност и самодоверба.

- Скопскиот маратон е голем настан во кој што учествуваат многу луѓе. На мене ми беше предизвик уште еднаш да го истрчам полумаратонот. Трчањето го практикувам три години веќе бидејќи е добро за здравјето и за одржување на телото. Секој кој што сака да го истрча му се потребни подготовки, за почетник се потребни од 8 до 12 месеци да се подготвува во зависност од неговата упорност и издржливост. Јас трчам веќе три години но сепак ми беа потребни 4 месеци подготовка. Имаше доста силна конкуренција но еве и јас успеав да стигнам до целта и да истрчам 21 км, рече Симеон Симеонов.

Симеонов е ученик во 4. година во СОУ „Ѓошо Викентиев“ на насоката за компјутерска техника и автоматика. Своето школување по матурирањето сака да го продолжи на информатика програмирање, но вели дека од трчањето нема да се откаже, бидејќи е добро за здравјето и одлично делува на целиот организам, затоа и го препорачува на сите што сакаат да се занимаваат со спорт, трчањето да го практикуваат рекреативно. Симеонов на полумаратонот трчаше заедно со неговата сестра која што и таа стигна до целта и неговиот татко кој што го истрча целиот маратон од 42 км.

Инаку, на овогодишното 14-то издание на Скопскиот маратон беа пријавени рекорден број учесници над 10.000 од 58 земји, а главен промотор беше светската рекордерка Пола Ретклиф. Трката која се состоеше од маратон, полу-маратон, штафета и трка 5.000 метри, ја проследија огромен број граѓани, а како и секоја година, така и оваа имаше доста учесници и од Кочани.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

13°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: Variable при 4 kmh
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/23°C
Вторник13°C/24°C
Среда13°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 122 гости и нема членови


web counter



qr code