Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zbogar opstina kocani109.05.2018  Европската Унија останува посветена во давањето поддршка на локалните заедници во Македoнија за реализирање на нивните проекти што треба да овозможат унапредување на стандардот на граѓаните.

Одбележувањето на 9 Мај - Денот на Европа е важен историски датум за сите граѓани на европскиот контиент и пошироко, за што организирањето свеченост по тој повод е за поздравување.

Ова меѓу другото го исдтакна евроамбасадорот Самуел Жбогар при неговиот престој во Кочани, при што во Локалната самоуправа имаше и работна средба со градоначалникот Николчо Илијев.

 - Ова е моја прва посета на опшрина Кочани и се разбира дека и по состанокот можам да кажам дека имам многу добри импресии, од состанокот со градоначалникот на Општина Кочани и го ценам и почитувам пристапот што градоначалникот го има, а тоа е ориентираност кон реализација на проекти во вашата општина, проекти што ќе дадат опипливи резултати. Се разбира дека во реализација на тие проекти градоначалникот ја има сета наша поддршка, ние разговаравме за неколку проекти што се реализирани досега со поддршка на Европската Унија, но на овој состанок гледаме кон напред, се со цел да видиме кои се потребите на вашата општина за реализаицја на проекти кои што би ја имале поддршката на Европската Унија, рече Самуел Жбогар, амбасадор на ЕУ во Македонија.

На состанокот во Општината, градоначалникот Илијев претстави дел од досегашните проекти во кои биле искористени средства од европските фондови, изразувајќи надеж дека соработката ќе продолжи и во наредниот период.

- Тој изрази желба во рамки на нивните можности, таму каде што ЕУ има можности да поддржува проекти, да ги погледнат можните начини за евентуална соработка и помош и во тој дел. Јас го информирав господинот Жбогар за активностите, односно проектите што досега ги има Општина Кочани реализирано со поддршка од ЕУ, навистина на број тоа не се многу, но тие се значајни, многу интересни и многу важни, и дека ние и понатаму продолжуваме да конкурираме на секој повик каде што се објавуваат повици за инфраструктурни или други такви проекти и ја очекуваме и понатамошната соработка и неопходна поддршка од ЕУ, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Евроамбасадорот Жбогар ја искористи можноста на граѓаните на општина Кочани и регионот да им го честита 9 Мај - Денот на Европа, заблагодарувајќи се за ангажманот на сите што се вклучиле во свеченоста за негово одбележување.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

5°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: NE при 11 kmh
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела-1°C/9°C
Понеделник-1°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 137 гости и нема членови


web counter



qr code